Мицкоски: Викенд без ДДВ е лага


За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ предвремените парламентарни избори на кои победи коалицијата „Можеме“ биле талибански. Осврнувајќи се на ново донесените мерки Мицкоски рече дека ова е само уште една лага на власта.

„Денеска гледаме како на лажичка повторно им се ветува на граѓание дека всушност нема тоа да бидат четири викенди туку тоа ќе биде еден викенд и тоа ќе биде во месец октомври, оној празничен викенд помеѓу 10-ти и 13-ти октомври и нема тоа да биде без ограничување како што тоа беше ветувано во предизборието, туку тоа ќе биде со ограничување од 30.000 денари и нема да биде намалена цената која што ќе ја платат туку тие ќе го финансираат данокот на додадена вредност, потоа ќе ја скенираат фискалната сметка и доколку сумата не надминува 30.000 денари тогаш ќе чекаат од Министерството за финансии да им го врати данокот на додадена вреднсот. Уште една брутална лага која што беше дел од спроведените талибанси предвремени парламентарни избори“, рече Мицкоски.