Прегазен полицаец додека запирал возач за брзо возење


Во текот на синоќешните полициски контроли на сообраќајот во Скопје, еден полицаец е прегазен од страна на возач во скопска Кисела Вода, кого се обидел да го сопре поради брзо возење, потврди МВР.

Повредениот полицаец на улицата „Првомајска“ бил пренесен во Клиничкиот центар, а возачот кој управувал со возилото и неговиот сопатникот биле фатени и уапсени.

„Полициски службеници ги лишиле од слобода А.Д.(19) и К.М.(21), двајцата од Скопје, затоа што околу 01.00 часот на булеварот „Борис Трајковски“ со возило „цитроен берлинго“, кое го управувал А.Д., а сопатник бил К.М., удриле и повредиле полициски службеник кој извршувал службени дејствија во областа на сообраќајот (мерење со радар), по што побегнале од местото. По преземени мерки тие биле пронајдени и приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопштија од МВР.