Во Италија осомничени 237 лица за шверц на тешки дроги, половината од Албанија и Косово


Италијанското обвинителството ја финализира истрагата за акцијата „Крабурун“ во која се осомничи 237 лица, Италијанци но најмногу Албанци,вклучени во шверц главно на тешки дроги, низ цела Европа.

-Меѓу уапсените се 127 Албанци од нив 90 од Албанија и 27 од Косово. Оваа организирана нарко мрежа дрогата во Италија ја доставувала од Албанија, Турција, Холандија, Шпанија, Белгија, Македонија, Хрватска, Франција и Германија, пренесуваат албанските медиуми,повикувајќи се италијанските власти.

Осомничените имале шврцувано тони кокаин, хероин, но и марихуана. Исто така се товарат и за нелегално прозводство и трговија на мешавина на парацетамол со дрога.

Организацијата ја раководел Франческо Абрузезе, познат под псевдонимот Дентузо,заедно со Масимо Албанезе, браќата Едмонд и Алфред Беќири, Ндуе Сокољи,Прине Доброши и Арбен Велико.