ЕОС Матрикс Македонија со силен раст на приходите – Групацијата ги објави финансиските резултати


ЕОС Матрикс Македонија забележа значаен раст на приходите во финансиската 2024/25 година. Овој резултат е нотиран и во Годишниот финансиски извештај кој го објави ЕОС групацијата. Имено, во периодот од март 2024 заклучно со февруари 2025 година, подружниците од Источна Европа во рамките на ЕОС Групацијата оствариле вкупни приходи од 369,2 милиони евра, што означува …

ЕОС Матрикс Македонија со силен раст на приходите – Групацијата ги објави финансиските резултати Read More »

Што би се случило ако Америка почне да ги лажира своите економски податоци? Еве што се случи кога други земји го направија тоа


  Лажењето на вашите кредитори е доволно лоша идеја кога сте поединец. Уште полошо е кога сте земја. Тоа е пораката што ја упатија критичарите на претседателот Доналд Трамп откако тој го отпушти шефот на Бирото за статистика на трудот на САД овој месец по разочарувачките податоци за работните места. Иако нема индикации дека податоците …

Што би се случило ако Америка почне да ги лажира своите економски податоци? Еве што се случи кога други земји го направија тоа Read More »

Џекпотот Пауербол во САД надмина 600 милиони долари за извлекувањето во понеделник


Џекпотот Пауербол (Powerball) во понеделник вечерта се искачи на 605 милиони долари, нов максимум за 2025 година, откако остана без победник од крајот на мај. Ако некој победи, може да избере еднократна исплата од 273,4 милиони долари или да ја земе наградата од 605 милиони долари како 30-годишна ануитет, ставајќи ја меѓу 20-те најголеми Пауербол …

Џекпотот Пауербол во САД надмина 600 милиони долари за извлекувањето во понеделник Read More »

Ново Нордиск ги намалува цените на Оземпик


Ново Нордиск ја намалува цената на Оземпик на 499 долари месечно за пациентите кои плаќаат во готово. Сега можат да го добијат Оземпик за околу половина од неговата каталошка цена во САД преку нивната аптека НовоКеар, соопшти компанијата во понеделник. Исто така, соработува со GoodRx за да ги понуди Оземпик и нејзиниот сестрински лек за …

Ново Нордиск ги намалува цените на Оземпик Read More »

Италија воведе високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места, ќе важат и за туристите


Италијанската Влада воведе нови мерки против несовесните возачи – со нова регулатива и казни наменети за секој кој фрла ѓубре надвор од одредените области. Лицата кои ќе ги прекршат одредбите од новата регулатива се соочуваат со високи казни, но и со затворска казна. Во таа смисла, казната за фрлање отпушок од цигара или марамче низ …

Италија воведе високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места, ќе важат и за туристите Read More »

Трамп планира укинување на гласањето по пошта пред изборите за Конгресот во 2026


Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе издаде указ за укинување на гласањето по пошта и употребата на електронски машини за гласање пред изборите за Конгресот во 2026 година, јави ДПА. „Ќе поведам движење за укинување на гласачките ливчиња по пошта, како и на, да ги наречеме, неточните, скапи и крајно контроверзни машини за гласање“, …

Трамп планира укинување на гласањето по пошта пред изборите за Конгресот во 2026 Read More »

Доларот зајакна


На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката на валути се зголеми. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 98,12 поени, додека вчера во ова време беше 97,85 поени. Во исто време, цената на еврото се лизна од вчерашните …

Доларот зајакна Read More »

Во Турција продолжуваат преговорите за зголемување на платите во јавниот сектор


Преговорите меѓу турската Влада и синдикатите за зголемување на платите на вработените во јавниот сектор продолжуваат оваа недела, а нивниот исход ќе одреди дали вчерашниот еднодневен штрајк ќе прерасне во подолготраен протест. Илјадници вработени во јавниот сектор во Турција вчера одржаа штрајк во знак на протест против предлогот на Владата за зголемување на платите во …

Во Турција продолжуваат преговорите за зголемување на платите во јавниот сектор Read More »

Алкараз го освои Мастерсот во Синсинати, Синер го предаде мечот поради болест


Италијанецот Јаник Синер се откажа од натпреварот против Шпанецот Карлос Алкараз синоќа во финалето на турнирот АТП 1000 во Синсинати. Светскиот рекет број еден губеше во првиот сет со резултат 0:5. За време на паузата помеѓу гемовите, Синер го повика физиотерапевтот. Тој им кажа на лекарите дека не може да го продолжи мечот бидејќи не …

Алкараз го освои Мастерсот во Синсинати, Синер го предаде мечот поради болест Read More »

Зеленски: Безбедносните гаранции за Украина ќе бидат готови за десет дена


Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека гаранциите за безбедност на неговата земја веројатно ќе бидат изготвени во рок од десет дена.  – Подготвени сме за билатерална средба со Путин, а потоа и за трилатерална со Трамп, рече Зеленски, по синоќешната средба со американскиот претседател Доналд Трамп и со европските лидери. Тој истакна дека прашањето …

Зеленски: Безбедносните гаранции за Украина ќе бидат готови за десет дена Read More »

Поради пожарот во „Јасен“, се уште затворен за сообраќај патот Македонски Брод – Скопје


Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје се уште останува затворен за секаков вид на возила, соопшти АМСМ Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на …

Поради пожарот во „Јасен“, се уште затворен за сообраќај патот Македонски Брод – Скопје Read More »

Макрон: Се сомневам во желбата на Путин за мир, неговата цел е да ја заземе Украина


Францускиот претседател Емануел Макрон изрази претпазливост во врска со средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, која ја организира американскиот претседател Доналд Трамп. Средбата меѓу Зеленски и Путин би била чекор напред, изјави францускиот претседател по самитот меѓу Трамп, Зеленски и европските лидери во Белата куќа. „Дали мислам дека би можело …

Макрон: Се сомневам во желбата на Путин за мир, неговата цел е да ја заземе Украина Read More »

Рубио открива детали од преговорите: „Веќе не даваме оружје, туку го продаваме“


  Состаноците одржани вчера во Вашингтон се првиот знак за можен пробив во тригодишната војна, оцени американскиот државен секретар Марко Рубио. Тој ги нарече разговорите меѓу Доналд Трамп, Володимир Зеленски, европските и НАТО лидери „голем момент“, пишува Ројтерс. Во изјава за Фокс њуз, Рубио потврди дека клучните преговори „напредуваат“, но нагласи дека конкретните резултати ќе …

Рубио открива детали од преговорите: „Веќе не даваме оружје, туку го продаваме“ Read More »

Мерц: Средба меѓу Путин и Зеленски ќе има во следните две недели


 Рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се сретнат во рок од две недели, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц, повикувајќи се на телефонскиот разговор меѓу Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, јави ДПА. „Американскиот претседател разговараше по телефон со рускиот претседател. Тие се согласија дека ќе има средба меѓу рускиот и украинскиот …

Мерц: Средба меѓу Путин и Зеленски ќе има во следните две недели Read More »

Трамп по телефонски разговор со Путин, најави тристрана средба со учество на Зеленски за решавање на конфликтот во Украина


Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, соопшти дека остварил телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин и започнал подготовки за тристрана средба со него и украинскиот претседател Володимир Зеленски, со цел изнаоѓање решение за конфликтот во Украина. „Имав многу добра средба во Белата куќа со угледни гости, меѓу кои претседателот на Украина Володимир Зеленски, …

Трамп по телефонски разговор со Путин, најави тристрана средба со учество на Зеленски за решавање на конфликтот во Украина Read More »

Мелони: Италија поддржува безбедносни гаранции за Украина по моделот на НАТО


Италија ги поддржува напорите на САД за постигнување мир и стои на страната на Украина, а истовремено се залага за обезбедување гаранции за нејзината безбедност по моделот на Член 5 од Северноатлантскиот договор, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони на разговорите во Белата куќа со европските лидери, претседателите на САД и Украина и генералниот секретар на …

Мелони: Италија поддржува безбедносни гаранции за Украина по моделот на НАТО Read More »

Полска вечер на „Охридско лето“ со уметниците од хармоникашкото „Моушн трио“


 Музичката програмата на годинашното 65. издание на Фестивалот „Охридско лето“ ќе биде заокружена со концертот на „Моушн трио“ и уметниците Јануш Војтарович, Павел Баранек и Марчин Галажин на хармоника. Полското трио хармоники со името „Моушн трио“ е познато по нивниот специфичен начин на комбинирање на страста која извира од традицијата на музиката од Источна Европа …

Полска вечер на „Охридско лето“ со уметниците од хармоникашкото „Моушн трио“ Read More »

За две недели постигнавме повеќе напредок кон мирот во Украина отколку за три и пол години, вели финскиот претседател


 Во последните две недели е постигнат поголем напредок кон завршување на војната во Украина отколку во последните три и пол години, изјави претседателот на Финска, Александер Стуб, на средбата во Белата куќа со претседателите на САД и Украина, со европски лидери и со генералниот секретар на НАТО. – Фактот што денеска седиме заедно околу оваа …

За две недели постигнавме повеќе напредок кон мирот во Украина отколку за три и пол години, вели финскиот претседател Read More »

Промоција на стихозбирката „Второ детство“ од Емануела Ковачевска Китановска во Струга


 Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга денеска ќе биде промовирана стихозбирката „Второ детство“ од Емануела Ковачевска Китановска. Авторката е поетеса и студентка на Факултетот за психологија при МИТ Универзитет во Скопје. Ковачевска Китановска е авторка на стихозбирките „Кожена душа“, за која ја освои наградата „Антев часовник“ во 2019 година на манифестацијата „Антево перо“ …

Промоција на стихозбирката „Второ детство“ од Емануела Ковачевска Китановска во Струга Read More »

Андоновски ќе го презентира новиот Национален електронски систем за управување со документи – еДМС


Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска на прес-конференција ќе го презентира новиот еДМС – Национален електронски систем за управување со документи. Презентацијата ќе се одржи во просториите на Министерството за дигитална трансформација. При минатонеделната посета на Делчево, каде изврши увид во реконструкцијата на новиот Центар за услуги во Делчево, министерот Андоновски потенцира дека интересот …

Андоновски ќе го презентира новиот Национален електронски систем за управување со документи – еДМС Read More »