Саливан: Бајден и Си наскоро ќе остварат телефонски разговор


Американскиот претседател Џо Бајден во наредниот период ќе разговара со кинескиот лидер Си Џинпинг, изјави денеска американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан. -Не можам да ви дадам датум. Бидејќи датумот не е одреден, но претседателот Бајден изрази подготвеност да има телефонски разговор со претседателот Си, рече Саливан по завршувањето на годишната парламентарна сесија во …

Саливан: Бајден и Си наскоро ќе остварат телефонски разговор Read More »

Русија ќе го обнови договорот за извоз на жито, но за 60 дена, остри реакции од Киев


Договорот што овозможува безбеден извоз на жито од пристаништата на Украина во Црното Море автоматски ќе биде продолжен по 18 март доколку нема забелешки од вклучените страни, објави руската државна новинска агенција ТАСС, пренесе Хина. Повикувајќи се на неименуван извор запознаен со деталите од преговорите за договорот, ТАСС објави дека ниту една од инволвираните страни …

Русија ќе го обнови договорот за извоз на жито, но за 60 дена, остри реакции од Киев Read More »

Кина ги отвора границите за странски туристи за првпат по 2020 година


Кина најави дека од утре ќе продолжи со издавање на сите видови визи и ќе ги отвори своите граници за странските туристи, за првпат после три години од избувнувањето на пандемијата на коронавирусот. Последната мерка за прекугранична контрола за Ковид-19 беше укината минатиот месец откако властите прогласија победа над пандемијата. Поттикнувањето на туристичкиот сектор треба …

Кина ги отвора границите за странски туристи за првпат по 2020 година Read More »

„Еко-славишки” формира кластер на производители на мебел од Македонија и Бугарија


Во рамки на прекуграничната програма за соработка на ЕУ помеѓу Република Бугарија и Северна Македонија, невладината „Еко -славишки” од Ранковце со „Места Валеј Асоцијација” од Разлог, Бугарија, работат на иницијатива за создавање кластер на производители на мебел во прекуграничниот регион со што би се зголемила конкурентноста на сите производители. Вклучени се вкупно девет општини: Разлог, …

„Еко-славишки” формира кластер на производители на мебел од Македонија и Бугарија Read More »

„100 години Ацо Шопов“ организираат Општина Центар и Францускиот институт – Скопје


Општина Центар и Францускиот институт – Скопје денеска во Музејот на македонската борба ќе организираат омаж за поетот и книжевен преведувач Ацо Шопов (1923-1982) по повод стогодишнината од неговото раѓање. Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, и амбасадорот на Франција во Северна Македонија, Сирил Бомгартнер, свечено ќе ја отворат манифестацијата „100 години Ацо Шопов“ на која …

„100 години Ацо Шопов“ организираат Општина Центар и Францускиот институт – Скопје Read More »

Зеленски: Иднината на Украина се одлучува на истокот од земјата каде се водат тешки борби


Украинскиот претседател Володимир Зеленски, ноќеска, во своето редовно обраќање до сонародниците, изјави дека иднината на неговата земја се решава во источна Украина, каде борбите се многу тешки. -Ситуацијата на исток е многу тешка и многу болна. Мораме да ја уништиме воената моќ на непријателот и ќе го направиме тоа, рече Зеленски во ноќното видео обраќање. …

Зеленски: Иднината на Украина се одлучува на истокот од земјата каде се водат тешки борби Read More »

Дванаесет фудбалери на трансфер листата на Челзи


 Премиерлигашот Челзи планира на крајот од сезоната да стави 12 играчи на трансфер листата, објави денеска британскиот портал „Атлетик“. Новиот сопственик на Челзи, Тод Боли потроши повеќе од 600 милиони евра на засилувања, но резултатите на теренот се под очекувањата и клубот од Лондон се наоѓа на десеттото место во Премиер лигата со 37 бодови. Според британските медиуми, Боли планира од …

Дванаесет фудбалери на трансфер листата на Челзи Read More »

Сончево со мала локална облачност и слаб ветер


Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени, информираат од УХМР. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб …

Сончево со мала локална облачност и слаб ветер Read More »

Шукова: Ќе се прави контрола зошто не се наплатени 153 милиони евра во Буџетот на МЖСПП


Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова вечерва најави дека ќе се прави истрага зошто во Буџетот на Министерството не се наплатени 153 милиони евра од носителите на А-интегрирана дозвола, а 492 милиони евра се отпишани како застарени. -Евидентиран е недостаток со Извештајот на Државниот завод за ревизија, правиме напори да го надминеме …

Шукова: Ќе се прави контрола зошто не се наплатени 153 милиони евра во Буџетот на МЖСПП Read More »

СЕП: Во Брисел продолжува билатералниот скрининг за „Конкуренција”


Секретаријатот за европски прашања информира дека денеска во Брисел продолжува билатералниот скрининг за Поглавјето 8, „Политика на конкуренција“, кое е последно поглавје во агендата на билатералниот скрининг од Кластерот 2 „Внатрешен пазар“. Презентации пред експертите на Европската комисија, како што информираат од СЕП, денеска имаа претставници од Комисијата за заштита на конкуренцијата на темите како …

СЕП: Во Брисел продолжува билатералниот скрининг за „Конкуренција” Read More »

„Ептиса“: Неоправдано се дискредитира и поткопува нашиот углед


Компанијата „Ептиса“ која се најде во центарот на вниманието по изборот на компанија која ќе го врши надзорот за автопатските делници што ќе ги гради „Бехтел и Енка“, денеска реагираше на пишувањата на медиумите велејќи дека станува збор за невистинити и неосновани информации. Со тоа, како што велат, неоправдано се доведува до дискредитација и поткопување …

„Ептиса“: Неоправдано се дискредитира и поткопува нашиот углед Read More »

Бајден ги смирува Американците по пропаста на познатата банка: Влоговите се безбедни


Американскиот претседател Џо Бајден денеска соопшти дека финансискиот систем на земјата остана недопрен и покрај ненадејниот банкрот на Банката на Силиконската долина. -Американците можат да бидат сигурни во безбедноста на националниот банкарски систем. Вашите депозити ќе бидат таму кога ќе ви бидат потребни, рече Бајден. Банката во Силиконската долина се затвори во петокот, што е …

Бајден ги смирува Американците по пропаста на познатата банка: Влоговите се безбедни Read More »

Минималната плата поголема за 12 проценти, сега изнесува 20.175 денари


Почнувајќи од април кога ќе бидат исплатени мартовските плати, најниските примања во државата ќе изнесуваат 20.175 денари. Тоа е зголемување за 12 отсто или за 2.175 денари во однос на минималната плата која до сега изнесуваше 18.000 денари. Ова денес беше соопштено по состанокот на Економско социјалниот совет, на кој беше ефектуирано законското решение според …

Минималната плата поголема за 12 проценти, сега изнесува 20.175 денари Read More »

Девизните резерви на крајот на февруари 3,9 милијарди евра


Девизните резерви на крајот на февруари годинава изнесувале 3.900,4 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 124,9 милиони евра, соопшти Народна банка.  Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (79,6%), по што следуваат валутите и депозитите (10,6%) и монетарното злато (9,7%).

(Фото) Изгоре познат ресторан во центарот на Скопје


 Денеска (13.03.) во 04.33 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ настанал пожар во угостителски објект, при што опожарени биле внатрешноста на објектот и кровна конструкција. Повредени лица нема, велат од МВР.   Како што соопшти МВР, на местото на настанот се излезени полициски службеници и Бригадата за противпожарна заштита. …

(Фото) Изгоре познат ресторан во центарот на Скопје Read More »

Најстудено во Берово -7, најтопло во Дојран плус шест


Најстудено утрово е во Берово и на Попова Шапка -7 степени, во Крива Паланка и Маврово се измерени -6, Крушево -5, а во Скопје, Битола и Прилеп -4. Над нулата е во Гевгелија со четири и во Дојран со плус шест степени. УХМР соопшти дека во текот на ноќта времето беше ведро. Дуваше слаб до …

Најстудено во Берово -7, најтопло во Дојран плус шест Read More »

Ситуацијата околу Бахмут е комплицирана, но Украина успева да ги одбие руските напади, вели висок украински командант


Ситуацијата околу Бахмут останува сложена, но украинските сили ги спречуваат руските обиди да го заземат градот, изјави денеска командантот на украинските копнени сили, генерал-полковник Олександр Сирски. „Ситуацијата околу Бахмут останува сложена“, напиша Сирски на апликацијата Телеграм на украинскиот медиумски воен центар. „Сите обиди да се заземе градот се одбиени со артилериски оган, тенкови и друга …

Ситуацијата околу Бахмут е комплицирана, но Украина успева да ги одбие руските напади, вели висок украински командант Read More »

Во Иран уапсени над 100 лица во врска со случаите на отруени ученички


Повеќе од 100 лица се уапсени во Иран во врска со мистериозното труење на ученички во училишта за девојчиња, што предизвика бес во земјата, соопштија локалните власти. – Повеќе од 100 лица осомничени дека се одговорни за училишните инциденти се идентификувани, уапсени и испрашани, се вели во соопштението на иранското Министерство за внатрешни работи, цитирано …

Во Иран уапсени над 100 лица во врска со случаите на отруени ученички Read More »

Поранешниот НБА играч Фелтон Спенсер почина на 55 години


– Поранешниот НБА играч Фелтон Спенсер почина на 55-годишна возраст. Центарот помина вкупно 12 сезони во НБА-лигата со Јута, Голден Стејт, Њујорк, Орландо и Сан Антонио. Спенсер беше избран како шести пик на драфтот во НБА во 1990 година. Фелтон имаше просек од 5,2 поени и 5,4 скока во текот на неговата НБА кариера.