Сончево со мала локална облачност и слаб ветер


Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 16 степени.

-Во среда времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Поради продор на постудена воздушна маса од север, кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег. Во четврток ќе дува засилен до силен ветер од северен правец (наместа и над 70 км/час), а дневната температура значително ќе се намали, известуваат од УХМР.

Во петок и во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и потопло.