Дванаесет фудбалери на трансфер листата на Челзи


 Премиерлигашот Челзи планира на крајот од сезоната да стави 12 играчи на трансфер листата, објави денеска британскиот портал „Атлетик“.

Новиот сопственик на Челзи, Тод Боли потроши повеќе од 600 милиони евра на засилувања, но резултатите на теренот се под очекувањата и клубот од Лондон се наоѓа на десеттото место во Премиер лигата со 37 бодови.

Според британските медиуми, Боли планира од продажбата на играчи во летниот преоден рој да заработи најмалку 260 милиони евра.

На трансфер листата ќе се најдат Матео Ковачиќ, Мејсон Маунт, Сесар Аспиликуета, Рубен Лофтус – Чик, Кристијан Пулишиќ, Бен Килвел, Конор Галагер, Хаким Зијеш, Армандо Броја, Каи Хаверц, Рахим Стерлинг и Пјер – Емерик Обамејанг.

На поголем дел од овие играчи договорите им истекуваат во јуни 2024 година, а Боли сака да ги продаде на крајот на оваа сезона бидејќи во спротивно лондонскиот клуб може да остане без обесштетување за нивните услуги.