Лила Филиповска за „Независен“: Во 2019 сакам вистински да се заљубам


На водителката Лила Филиповска ѝ се исполни желбата три дена да почувствува вистинска студена зима со снег. Да го почувствува адреналинот на врвните скијачи, да се дружи покрај камин со топол чај и да се релаксира во топол базен со минерална вода… На лице место да дознае колку е омилена меѓу фановите од Македонија кои […]

Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Планетите во Јарец укажуваат дека проектите се во напредната фаза, но ова е момент кога ќе треба да кажете стоп! Би можеле да се соочите со непредвидена бура и да доживеете повреда, затоа внимавајте и повлечете се на време во сигурноста на својот свет. Месечината во Рак ве повикува дома сега. БИК: Сонцето од Јарец ги […]

Секој север има свој југ


Ерол Ризаов Расправите во македонскиот и грчкиот парламент за „македонското прашање“ и тензиите во двете земји, кои имаат длабоки корени, повторно нè враќаат во минатото и предизвикуваат нови делби и омрази меѓу граѓаните и во Грција и во Македонија. Затскриени зад патриотизмот, во суштина се водат битки за власт, во обиди со примитивен популизам и […]

Заев, Анѓушев и Бектеши на Светскиот економски форум во Давос


На Светскиот економски форум, којшто ќе се одржи следната недела (од 22 до 25 јануари) во Давос, Швајцарија ќе учествуваат претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за економија, Крешник Бектеши, потврди за Независен весник владиниот портпарол Муамет Хоџа. -Имајќи предвид […]

Светски економски форум во Давос: Откажаа Трамп, Меј и Макрон


Швајцарија- Светски државници го откажаа присуството на Светскиот економски форум во малото гратче Давос, под Алпите, светски политички и бизнис елитен собир кој се одржува од 22 до 25 јануари. Американскиот претседател Доналд Трамп го откажа присуството во Давос поради несогласувањето со демократите околу изградбaтата на граничниот ѕид со Мексико. Претседателот на Франција, Емануел Макрон […]

В недела целосно затемнување на месечината, ќе трае еден час


Месечината, Земјата и Сонцето за време на викендов ќе бидат во иста линија кога се очекува целосно затемнување на Месечината, појава што нема да се повтори ниту оваа ниту наредната година. Истовремено, Месечината ќе биде најблиску до Земјата поради што ќе изгледа поголема и посветла од вообичаено, а тој феномен се нарекува Супер Месечина. Американскиот […]

На светот му треба Европа


Жан-Клод Јункер Како што влеговме во новата година, идната насока на Европската Унија никогаш не била поважна, и за Европа и за остатокот од светот. Во овие многу возбудливи времиња ЕУ може да обезбеди стабилност и надеж која на светот толку очајно му треба. Со децении Европа е постерско дете за интеграција и соработка во […]

Посебен сообраќаен режим за време на манифестацијата за Водици


Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје и во општините Ѓорче Петров и Аеродром ќе биде воведен утре, 19 јануари, за време на одбележувањето на празникот Богојавление – Водици, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од 10 часот до завршувањето на манифестацијата во центарот на Скопје за сообраќај ќе бидат затворени ул. „Филип Втори“ до […]

Втор концерт на „Хуверфоник“ во Скопје


Белгискиот трип-хоп бенд „Хуверфоник“ по 29 март и на 30 март ќе одржи концерт во Скопје во Македонската филхармонија. Како што соопшти организаторот Авалон продукција, концертот е во рамките на нивната балканска турнеја, и ќе ги опфати и Загреб, Белград и Софија. „Хуверфоник“ e белгиски бенд основан во 1995 година кој има позади себе осум […]

СП ракомет: Лазаров најкорисен играч по првата фаза


Германија- Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров е МВП по првата групна фаза на Светското првенство. Лазаров петте натпревари во Б-групата ги заврши со вкупно 55 бодови од кои 30 се од головите и 25 од асистенциите. Втор на оваа листа е Микел Хансен од Данска со 49 поени (35 голови + 14 асистенции). […]

Стефан Ловен реизбран за премиер на Шведска


Шведска– Шведскиот Парламент денеска го избра лидерот на Социјалдемократската работничка партија (САП), Стефан Ловен за премиер на Шведска, јави ДПА. Со изборот на Ловен се става крај на четиримесечната политичка криза во која западна Шведска по изборите одржани лани во септември, на кои ниту еден од двата големи блока не освои мнозинство во Парламентот. Ловен, […]

Нова демократија: Ципрас во Парламентот ќе одговори зошто даде македонска националност и јазик


Грција– Алексис Ципрас ќе одговори во Парламентот зошто има намера да го ратификува штетниот Договор од Преспа и главно, зошто на Скопјаните им отстапи наводна македонска националност и јазик, нешто што ниту една претходна влада не го имаше помислено, велат од грчката опозициска Нова демократија во одговор на соопштението на грчкиот премиер, ја отфрлаат поканата за ТВ […]

Влада: Македонскиот јазик останува единствен службен јазик дома и во светот


Законот за јазиците ги унапредува правата на сите немнозински заедници и не предвидува нови вработувања, а македонскиот јазик со кирилското писмо останува единствен службен јазик и на целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи, велат во денешното соопштение од Владата во врска со ширењето лажни вести и невистини за примената на Законот за […]

Од блиндирано возило во Словенија украдени милион евра


Словенија- Од блиндирано возило на словенечка агенција за обезбедување во градот Цеље, кон крајот на минатата година биле украдени милион евра во готовина, објави денеска мариборскиот весник „Вечер“, посочувајќи дека словенечката полиција се уште трага по крадците. Кражбата се случила кога двајца вработени во агенцијата за обезбедување го оставиле возилото без надзор во дворот на фирмата, […]

Кралска виолетова: Не е случајно што ја носат Кејт и Меган како Дајана


Англија– Кралските снаи Кејт и Меган, изненадија со виолетовата боја во својата гардероба на почетокот на годината: Војвотката од Сасекс ја искомбинира со црвен капут, за првата јавна прошетка со принцот Хари, а војвотката од Кембриџ за посета на Опера ројал Хаус во Лондон. Модните експерти во Британија велат тоа не е случајно. Ултравиолетовата боја […]

Амазон: Мемоарите на Мишел Обама попродавани од „Педесет нијанси сиво“


САД– Книгата на поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, се продава подобро од еротскиот бестселер „Педесет нијанси сиво“, објави „Амазон“. Иако на пазарот е 65 дена, книгата „Бикаминг“ влезе меѓу највлијателните наслови на деценијата, објави „Си-ен-ен бизнис“. Мемоарите на поранешната прва дама е најпродавана книга на „Амазон“ во последните 47 дена. Книгата е објавена […]

Уапсена ескорт дама од Белорусија која тврди дека ги знае „тајните на Трамп“


Русија- Руската полиција ја уапси манекенката и ескорт дама од Белорусија, Анастасија Вашукевич, која го привлече внимението со тврдењето дека има информации за руско мешање во изборите во САД во 2016 година, на кои победи актуелниот американски претседател Доналд Трамп. Како што јавија руските медиуми, Белорусинката била уапсена во Москва, веднаш по нејзиното пристигнување од Тајланд, […]

Концерт во Скопје: Со Жељко Самарџиќ ќе ги славиме љубовта и виното


Балканскиот романтичар Жељко Самарџиќ неодамна ги изненади сите со голема промена, неговиот нов имиџ – впечатливите брада и мустаќи и очила. На 16 февруари  омилениот пејач  пак доаѓа во Скопје со концерт , по повод месецот на љубовта и виното. Во Вип Арената Борис Трајковски ќе  одекнуваат неговите нови хитови како и неговите добро познати […]

Романо Проди во Охрид ќе ја прими Светската награда за хуманизам за 2019


Поранешен претседател на Европската комисија и поранешен премиер на Италија Романо Проди, денеска во Охрид ќе ја прими Светската награда за хуманизам за 2019 година. Наградата ја додели Охридската академија на хуманизмот, а ќе ја понесе за неговото визионерство и придонес во градењето на европската идеја. Претседателот на Собранието на РМ Талат Џафери вчера одржа […]

Во Бугарија запленет хероин во вредност од 2,8 милиони евра


Бугарија– Во голема акција на бугарската полиција спроведена во реоните на градовите Хасково и Благоевград, запленети се 47 килограми хероин и 13 килограми амфетамин. Вредноста на заплентиот хероин на нарко пазарот се проценува на околу 2,8 милиони евра. Како што соопшти локалниот јавен обвинител на Хасково, Иван Стојанов, при акцијата се уапсени седум лица, под […]