Нов албум: Мадона сега е Мадам икс

САД– Мадона сега е Madame X. Кралицата на поп музиката објави кратко видео во кое претстави дел од нова песна и потврди дека нејзиниот нов, 14 албум ќе се вика „Madame X“, пишува Billboard.

Таинствената снимка ја следи поп – ѕвездата како во неколку наврати ја менува облеката, што ја симболизира промената на алтер-егото, а низ видеото објаснува дека Madame X е таен агент кој патува низ светот менувајќи идентитети, борејќи се за слобода.

„Madame X“ ќе биде 14 студиски материјал на Мадона и прв албум од 2015 година, по објавувањето на албумот „Rebel Heart“.

Мадона потврди за „Варајати“ дека ќе настапи на Евросонг 2019 во Тел Авив, Израел. Пејачката ќе настапи со две песни-едната од репертоарот, а втората нова-на финалето на 18 мај. Канадско-израелскиот милијардер Силван Адамс и го финансира настапот.

Мадона ќе пристигне во Тел Авив, четири дена пред финалето, со екипа од 60 луѓе.

Мадона претходно има настапувано во Тел Авив, во 2012 година, за време на светската турнеја „MDNA“.

Евросонг е престижен музички фестивал кој се одржува од 1956 година. Ги вивна во светот на славните, „АББА“  кои победија во 1974 година со “Waterloo,” и Селин Дион која ја претставуваше Швајцарија во 1988 година со песната “Ne Partez Pas Sans Moi.”

Логото на годинашниот евровизиски избор е „Осмели се да сонуваш“.