Традиционален велигденски концерт на ансамблот „Танец“


Ансамблот за народни игри и песни „Танец”  вечер од 20 часот во Националната опера и балет  ќе го одржи традиционалниот велигденски концерт, годинава насловен „Велигденско будење”.

Концертот содржи богата музичко-сценска програма во која ќе бидат изведени многу фрагменти од кореографии, вокални и оркестарски изведби од нивниот понов репертоар, од 2000 година до денес.

Ќе учествуваат првенците, солистите и целиот ансамбл на „Танец” кој со овој концерт ја почнува  јубилејната 70-та сезона, под мотото „Остани во чекор”.

-Чуварите на нашето музичко-фолклорно богатство со ова најавуваат храбри чекори кон модерните времиња, но и цврсто тежиште кон традиционалните вредности, соопшти „Танец“.