Македонските ракометари сакаат накит, ама кај жените


Македонските ракометни ѕвезди викендов во Скопје беа како поп-ѕвезди. Не делеа спортски совети, туку модни, се фотографираа и се дружеа со фановите, и потпишуваа автограми.

Домаќин на играчите на националниот ракометен А тим: Кире Лазаров, Столе Стоилов, Борко Ристовски, Дејан Манасков, Филип Кузмановски и Филип Талески им беше

новиот партнер на македонскиот ракомет „Ребека накит“, чие заштитно лице е поп-ѕвездата Каролина Гочева-Корубин.

Иако самите не преферираат да носат накит, сепак едногласно велат дека сакаат да ги изненадат своите сопруги, девојки, мајки и пријателки со убаво парче накит.На жените сакаат да видат елегантен и минималистички накит каков што е италијанскиот накит „Ребека“.

“Сакам за родендени или празници да ги изненадам мојата сопруга, мајка и блиски пријателки. Повеќе сакам минималистички накит. Сакам подискретен, едноставен и не многу нападен накит. Едноставните работи изгледаат многу поубаво”, изјави Кире Лазаров.

Ѕвезди, амбасадори, министри, бизнисмени, убави дами и дотерани господа му дадоа ексклузивен тон на отварањето на продажниот салон, лани, во ноември, во Скопје, единствен во Македонија, а трет во регионот, по Љубљана и Загреб.