Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Велат дека е блажен оној кој што го нашол својот ред и дека не би требало да бара друг благослов: Месечината во Девица ќе ве научи на почитување на вистината и безрезервна љубов и со самопожртвуваност ќе ја надминете потенцијалната олуја. Смирени во умот, ќе ги љубите останатите такви какви што се. Внимавајте на здравјето.

БИК: Сега е време да практицирате пожртвуваност: условите се менуваат, но и тоа оди во ваш прилог, ако добро ги разберете сигналите. Најдете цел достојна за посветување и проучувајте, студирајте и откривајте нови науки кои ќе ви помогнат да напредувате. Сето ова е многу важно за вашиот развој, но не се форсирајте во ништо. Нова стратегија.

БЛИЗНАЦИ: Утрото е нестабилно, особено ако не внимавате како разговарате: инвестирајте во домот и своите најмили, без оглед на немирот кој што го чувствувате. Ќе напредувате ако бидете потолерантни и широкогради, давајќи им на другите предност: на крајот од денот ве очекува среќа, а тоа за сега е сѐ што ви треба. Така се стекнува мудрост.

РАК: Работите се менуваат и денес ви е потребна поголема сила за да направите трансформација: бидете мудри во спроведување на моќта која што ви е дадена и развивајте се добро, учествувајќи во поставување на нови правила. Средба со важна личност, која ќе ве прочисти и ќе ви даде некаков вид на знаење. Не им се противете на промените!

ЛАВ: За вас и благосостојбата и сиромаштвото се на еднакво ниво и со тоа знаење постигнувате величина: бестрашни, неуморни и полни со верба, ништо не може да ве одвлече од вашата вистинска насока. Сега многумина би сакале да работат со вас и да ви се приклучат во вредните проекти: од неутрална позиција, постигнувате сјајна насмевка.

ДЕВИЦА: Постои потенцијал за нови идеи, а од вас се бара да бидете невини и чисти како дете: бидете спремни да се мобилизирате и организирајте се подобро. Не ризикувајте и не брзајте, со добра промисленост и доза на хумор ќе успеете во можните конфликти: слушајте што ви говори срцето и нема да згрешите. Нема потреба да сте срамежливи.

ВАГА: Марс во Близнаци ја потенцира вашата нестрпливост: не им подлегнувајте на искушенијата, туку добро разгледајте ги понудените опции. Постои можност за далечно патување, но дали сте навистина подготвени? Надминете го сопственото незнаење и не се величајте самите себе: оставете им простор на другите да го сторат тоа.

СКОРПИЈА: Можеби се среќавате со некакви невољи во надворешниот свет, но тие се само одраз на вашата неосвестена природа: прашајте се дали оваа ситуација ве потсеќа не нешто веќе видено? Сетете се на својот личен развој и не ги обвинувајте другите. Откријте го изворот на злото во сопствениот дом и борете се против него. Без лутина!

СТРЕЛЕЦ: Пред да се вклучите во финалната битка, добро проверете дали ги имате сите потребни информации и алатки да се претставите во светот. Повлечете се на кратко за да ги осмислите конечните потези и да се освежите. Така ќе ја прочистите својата перцепција, интелект и его, учејќи да ја респектирате вистината. Сериозни задачи.

ЈАРЕЦ: Поддржани од моќни аспекти, работите интелигентно и размислувате за крајниот исход на инвестициите: добро е што можете да забележите што е она во туѓото зло што треба да се избегнува. Организирајте се подобро и потпрете се на фактичката состојба, како и на лојалноста на пријателите: без страв, ќе знете како да се грижите за себе.

ВОДОЛИЈА: Вродената резервираност не ви прави услуга: чујте го гласот на интуицијата и не се правдајте повеќе. Секоја изговорен збор ја открива вашата ранлива страна, а ако се извинувате премногу, ќе излезе дека сте невоспитани. Не смислувајте причини за пред светот, вашите обиди се и премногу од очигледни. Научете како да споделувате со останатите.

РИБИ: Времето на незивесност и апатија завршува: сега треба да покажете од каков материјал сте сочинети. Влезете во рингот и покажете ги своите најдобри бои: велат дека и голубот може да се претвори во орел кога се бори да се ослободи од стапицата. На крај ќе ја надминете агресијата, разбирајќи ја својата потемна страна. Тоа е голема победа!

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]