Француски милијардер ќе даде 100 милиони евра за обнова на Нотр- Дам

Франција– Францускиот милијардерот Франсоа -Анри Пино соопшти дека неговото семејство ќе даде 100 милиони евра помош за обнова на катедралата.

-Мојот татко и јас одлучивме да одвоиме 100 милиони евра и да учествуваме во реконструкцијата на Нотр-Дам, напиша Пино во соопштението до медиумите.

Пино е прв човек на компанијата Керинг, која е сопственик на познати брендови Гучи и Сен Лорен и претседателот на компанијата која ја поседува познатата аукциска куќа Кристис. Неговата сопруга е позната актерка Салма Хајек.

Првиот камен на катедралата Нотр Дам (Света Богородица) е поставен во 1163 година за време на владеењето на Луј Седми. Изградбата трае во поголем дел од следниот век.

Реставрации и дополнувања на структурата се правени во 17 и 18 век. Доминираат во катедралата две кули со камбани изградени во 13 век. Највисоката е наречена Емануел.

На катедралата се издигаше централна кула со форма на стрела што се урна во пожарот. Таа беше висока 93 метри.

До двете кули со камбаните се стигнува со 387 скали од каде туристи може да видат панорама на градот.

„Нотр Дам“ не е само катедрала, трага од времето, кога луѓето гледаа кон небото, тоа е заеднички дом, арка на нашата историја. Тоа е бесценет дел од Франција, опустошен од пожарот, објавуваат француски медиуми.

Обновата почна минатиот јули. За обнова беа потребни 150 милиони евра. Државата деблокира 2,5 милиони евра за една од кулите висока 93 метри и изградена од 500 тони дрво и 200 тони олово.