Принц Едвард во посета на Македонија


Принцот Едвард, грофот од Весекс (55), ќе ја посети Македонија на 15 и 16 мај, најавија од британската амбасада во Скопје.

Тој во текот на посетата ќе биде запознаен со примери за помошта што Обединетото Кралство ја нуди за нашата земја во областа на ран детски развој и образование, како и за работа која ги поврзува двете земји во различни области.

Од Амбасадата истакнаа дека повеќе детали за програмата ќе бидат објавени во иднина.

Принцот Едвард е најмалото од четирите деца на Кралицата Елизабета и на принцот Филип-Чарлс, Ендрју и Ана, десети во редот за наследство. Од 1999 година е оженет е со Софи Рajс-Џонс и имаат две деца.