Шефот на Бирото на националната гарда на САД на средби со Шекеринска и Ѓурчиновски


Шефот на Бирото на националната гарда на САД, генерал Џозеф Ленгиел денеска е во посета на Република Македонија. Генералот Ленгиел, како што соопшти Министерството за одбрана, ќе се сретне со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и со началникот на Генералштабот на АРМ, генерал – мајор Васко Ѓурчиновски.

Продолжува судењето за „крвавиот четврток“ во Собранието


Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето за настаните на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија, против осумнаесетмината неамнестирани од првично 33 обвинети. Судскиот процес се наоѓа во завршна фаза и на денешното рочиште се очекува обвинителката Вилма Рускоска да изврши промена на обвинителниот акт согласно Законот за амнестија и да […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Ова е ден кога ќе се соочите со својата судбина: ќе треба да бидете исклучително внимателни заради Лунарната Еклипса во знакот на Лав и да покажете големо трпение при реализација на саканите цели. Бидете отворени за новите трендови и имајте слух за потребите на саканите. Средби и состаноци. БИК: Сега е време да станете, да ги […]

Незгоден баланс


Никола Поповски Едно од многуте непишани правила во политиката е дека политичарот поединец или власта во целина можат да направат сто и една добра работа, но тие најчесто ќе се помнат по една или две грешки што ги направиле во текот на својот мандат, а гласачите ќе останат фокусирани и фрустрирани од тие грешки и […]

Хотелиерите двојно ќе заработат од откажување на учеството на Светскиот економски форум


Швајцарија– Поради одлуката на дел од светски лидери да не учествуваат на Светскиот економски форум во Давос хотелите ќе имаат двојна заработка поради откажување на собите. Учеството на Форумот го откажаа британската премиерка Тереза Меј, францускиот претседател Емануел Макрон и американскиот претседател Доналд Трамп поради актуелните кризи во нивните држави. Според швајцарскиот весник „Тагес-Анцајгер“ поради откажувањето на […]

Бред Пит и Шарлиз Терон: Нова холивудска двојка?


САД– Холивудскиот актер Бред Пит се среќава со актерката Шарлиз Терон, пишува британскиот весник Сан. Според публикацијата, врската меѓу нив започнала на Божиќ. Тие веќе се појавија заедно на премиерата на “If Beale Street Can Speak”, во која Пит ја игра улогата на продуцент. Весникот забележува дека односот со Шарлиз Терон (43) е првиот сериозен […]

Роберт Редфорд ќе добие „Цезар“ за животно дело


Франција- Легендарниот холивудски актер и режисер Роберт Редфорд (82) ќе добие почесен „Цезар“ , француски еквивалент на американскиот Оскар, на церемонијата што ќе се одржи на 22 февруари во Париз. -Актерска икона, исклучителен режисер, пасиониран продуцент, основач и претседател на престижниот фестивал на независни филмови „Санденс“, Редфорд остави неизбришлива трага во филмскиот свет, изјави Ален […]

Спа


Лејла Сабит Звучи скапо, ама разгалувањето на душата и на телото нема цена. Им треба на млади, на стари, на вработени и невработени, на уморни, на одморени, на пушачи и непушачи, на богати и на тие што штедат, на сеирџии и тие што тераат ќеф, на тие што молчат, на тие што се фалат, на […]

Шарапова елиминирана во Мелбурн


Австралија – Поранешната број 1, Марија Шарапова беше елиминирана во осминафиналето на Отвореното првенство на Австралија. Русинката беше поразена по над двочасовна битка на теренот од локалната миленичка Ешли Барти со 6:4, 1:6, 4:6. Дваесет и две-годишната Барти стана првата Австралијка по 10 години, која наоѓа место во четвртфиналето, каде што нејзина соперничка ќе биде Чехињата […]

Американски шпионски сателит лансиран во орбитата


САД– Ракетата „Делта 4 Хеви“ со американски шпионски сателит вчера е лансирана од Калифорнија. Ракетата беше лансирана од воздухопловната база Ванденберг. Лансирањето минатата година беше одложувано повеќепати од различни причини, меѓу кои истекување на хидроген, силни ветрови и проблеми со опремата за комуникација на Земјата.

Учениците утре се враќаат на настава


По три недели зимски одмор, околу 270.000 средношколци и основци, меѓу кои и 20.000 првачиња утре ќе се вратат на настава за второто полугодие од учебната 2018/2019 година. МОН пред една седмица соопшти дека за евентуално одложување на второто полугодие поради заразата од морбили ќе биде во координација со министерствата за здравство и за труд […]

СДСМ: Започнати се подготовки кон средината на годината да се воведе поврат на ДДВ за физички лица


Започнати се подготовки кон средината на годината да се воведе поврат на ДДВ за физички лица, пред нас е година на економски раст и повеќе пари кај граѓаните. Владата предводена од СДСМ во претстојната 2019 година продолжува да ги спроведува зацртаните мерки што се во интерес на граѓаните, економијата и иднината на државата. 2019 е […]

Владата активираше итни мерки: Воздухот во Македонија позагаден и од Индија и Бангладеш


Викендов Mакедонија е на врвот на светските листи според аерозагадувањето. Скопје беше најзагаден во светот, пред најзагадените градови во Индија, Бангладеш и Пакистан, а од синоќа Прилеп го надмина главниот град. Таму, според мерната станица на апликацијата „Mој воздух“, нивото на отровните пм 10 честички на метар кубен изнесуваа над 1.000 што е 200 пати […]

Снег во Маврово, дожд во Пелагонија и Повардарието, а магла во Скопје и Тетово


Слаб снег утрово провејува во Маврово, а локални врнежи од дожд има во Пелагонија и Повардарието. Во Скопје и Тетово има појава на магла. Како што информират од Управата за хидрометеоролошки работи, висината на снежната покривка утрово во седум часот во Маврови Анови изнесува 49  сантиметри, 25 сантиметри снег се измерени во Дебар, 24 во […]

На Неделата на машка мода во Париз: Наоми Кембел ја покажа природната коса


Франција- Легендата од светските модни ревии Наоми Кембел (48) ја покажа прв пат природната коса, која сега и е кратка. По години вештачки екстензии, манекенката вели дека целата коса и опаднала, па сега внимава околу негата и дозволува природната да и порасне.   -Јас сум препознатлива по долгата коса, но време е здравјето да го ставам […]

Најскап спортски спектакл со поп-ѕвезди: „Марун 5“ со настап на „Супер боул“


САД– НФЛ објави дека на полувремето на едно од најгледаните настани оваа сезона, „Супер боул“, оваа година ќе настапат Марун 5, а посебни гости ќе бидат раперите Биг Бои и Травис Скот, пишуваат американските медии. Понуди за настап биле пратени на Ријана, Пинк и Ники Минаж, но тие го одбиле настапот бидејќи Колин Каепеник бил […]

Грчките медиуми преплавени со Договорот од Преспа


Грција – Договорот од Преспа е централната тема на насловните страници на речиси сите денешни, неделни изданија на грчките весници, а дел од нив, го пренесуваат и целиот текст од договорот. МИА пренесува дел од насловните страници на медиумите: „Авги“, весникот што важи за гласило на СИРИЗА има интервју со грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој вели дека […]

Променливо облачно, со локален слаб дожд


Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд претпладне, а на планините ќе врне повремен снег. По одделни котлини ќе има појава на магла и ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од -3 до 3 степени, а дневната од 2 до 9 степени. Следува период […]

Tрет „Марш на жените“ ширум САД


САД – Во стотина градови ширум САД вчера е одржан „Марш на жените“ со кој е одбележана втората година од протестите што беа организирани по инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп во јануари 2017 година. Демонстрантите побараа да влијаат врз политиката, помеѓу другото и за зголемување на минималната плата, пристап до здраствена грижа и правото на гласање. […]

Оди, па фати ги


Горан Адамовски Тешко е да се претпостави до каде оди неспособноста на институциите во земјава, кога од ден во ден покажуваат дека се кадарни да дофатат нови височини. Невозможно е да се следат, евидентираат и анализираат сите пенали кои ги добиваат, што дури успеваат да предизвикаат чудење во земја во која одамна ништо не е […]