Скопје и Атина ја зајакнуваат соработката во форензиката и судската медицина
Станува збор за проект преку кој се врши стандардизација и хармонизација според ИСО17025 стандардот на лабораториите на Институтот за судска медицина, криминалиситка и медицинска деонтологија.
Проект лидер на земја членка на ЕУ, во случајот Грција е професорот Хара Спилиполу, директорот на Лабораторијата за форензика и токсикологија при Универзитетот во Атина, додека проект лидер на земја корисник е директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков.