Нострадамус го предвидел пожарот на Нотр Дам
Кога и да се случи некаква трагедија од поголем вид, се обраќаме кон старите астролози во обид да видиме дали тие нешто рекле или виделе на таа тема.
Пожарот кој ја зафати најпознатата катедрала во Франција Нотр Дам вчера вечер била предвидена од Михаел Нострадамус, кој живеел и работел во Франција во 16 век. Тој напишал пророштва кои започнуваат со 1557 година, а се завршуваат со 3797 година. Импозантно, зарем не?
Своите предвидувања ги пишувал во таканаречени кватрени т.е. четири стиха и иако предвидувал на глобален план, неговите предвидувања најмногу се однесуваат на Франција. Неговите дела се сметаат за прилично мистични и загонетни, а за кои што тој самиот кажува дека се напишани според поставеноста на небесните тела т.е. ѕвездите.
За стравичната глетка на 15 Април 2019, во 17. 50 ч., по локално време, постои кватрен напишан пред 500 години, а кој гласи овака:
Главата на Овен, Јупитер и Сатурн
Господ вечен, какви промени може да се очекуваат?
После многу векови, злото се враќа
Франција и Италија, низ какви емоции ќе минете?
Она што е очигледно е дека емоциите изразени од Францускиот Претседател Емануел Макрон на социјалната мрежа Твитер, гласат на следниот начин:
“Нотр-Дам е зафатен со пламен. Емоција на целата нација. Мислите се со Католиците и со сите Французи. Како и сите граѓани, јас сум тажен да го видам овој дел од нас како гори. ”
Како што може да забележиме е дека името на Претседателот Макрон – Емануел – значи Господ, а тоа се појавува во втората строфа.
Положбата на планетите е токму таква: Сонцето и Хирон во Овен, Јупитер ретрограден во Стрелец и Сатурн во Јарец.
“Она што го имаме овде е Хирон, навистина, во ” главата на Овен “, на самиот трет степен на хороскопскиот знак. Сонцето, кое гори портокалово на зајдисонцето во Париз кога паѓаше Нотр Дам, е исто така во Овен, во оваа астролошка карта поставена во Понеделник 15 април 2019 година во 17:50 часот, Париз, Франција “.
“Шокот од моментот е прикажан од Уран во 2 Бик, правејќи речиси точен полу-секстил со Хирон. Всушност, ова е аспект кој што може да се случи еднаш на секои 80 години. Месечината е на 3 степен Девица, точен квинкункс со Хирон.”
Постојат толку многу тајни на овој свет, а пророците се една од нив: затоа Нострадамус е наречен Пророк над Пророците. И како за крај, тој нѐ предупредува со една заостаната строфа, која што вели дека во прорекувањето нема произволност, туку дека сѐ е прецизно одредено, иако ние самите не ги познаваме законите по кои што мистериите се одвиваат. Така Михаел Нострадамус ќе нѐ предупреди:
Нека оние кои што ќе ги читаат
Овие стихови, зрело размислат
И нека астролозите, будалите и варварите се
Држат на растојание. Кој и да
Работи поинаку, нека биде проколнат од небото.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ