Супермоделот Кејт Мос се мажи за грофот Бизмарк


Англија- Супермоделот Кејт Мос (45), по втор пат ќе се мажи. За грофот Николај вон Бизмарк (31), 14 години помлад од неа.

Веста за нивната венчавка дојде откако двојката 18 месеци живее поинаков живот. Се одрекоа од забавите и од раскалашниот живот.

Кејт и германскиот аристократ и фотограф се во врска од 2015 годиона, откако таа се разведе од рокерот Џејми Хинси, додека од врската со Џеферсон Хак ја доби ќерката Лилу Грејс (16).

Двојката размислува и за свое дете.

Мос и во петатта деценија е една од најангажираните и најплатени манекенки на денешницата, со заработени 80 милиони долари.