За концертот на Лени Кравиц во Скопје: Распродадени партерот и фан питот


Партерот и фан питот се распродадени, а се` уште во продажба има влезници за трибини од сите категории во ВИП Арената за концертот на Лени Кравиц на 3 мај, соопшти органозаторот „Авалон“.

Светски познатиот рок музичар Лени Кравиц (55) за концертот доаѓа со своја опрема и продукција. Со десет камиони, шест автобуси и тим од 60 луѓе кои се вклучени во оваа турнеја, додека од нашиот организатор, се бараат 160 луѓе да бидат подготвени во секое време да работат на поставување на таа продукција.

Концертот во Скопје е во рамки на европската турнеја по повод излегувањето на новиот албум „Raise Vibration“. Скопје и Софија се единствените градови во регионот каде фановите ќе имаат шанса да го видат неверојатното шоу на Кравиц во внатрешен амбиент.

Во оваа турнеја не се опфатени градовите како што се Белград, Загреб и Атина.

Картите за ексклузивниот концерт на Кравиц во Скопје се движат од 1990 до 3.990 денари.