Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Храбри, креативни и ентузијастични, денес сте подготвени да им пристапите на работите на нов начин: со Меркур во вашиот знак ќе загосподарите со ситуацијата и ќе ги објавите нужните промени. Дилемите се распрснуваат како рана утринска роса и природно ги следите своите склоности. Не претерувајте во правењето на поента. Умереност.

БИК: Денес успевате да се издигнете со сопствениот труд: велат дека мудриот лесно се препознава по тоа што не го тревожат ниту критиките, ниту пофалбите. Ако некој ве презирал и самиот ќе биде презрен, затоа ќе им ја препуштите гордоста на оние на кои што таа најмногу им значи. Мудри и умерени, трпеливо уживате во научните потфати.

БЛИЗНАЦИ: Конечно доаѓате во контакт со своите подлабоки емоции, верувајќи му на сопствениот внатрешен глас: понесени да се соочите со секакви предизвици, им се отворате на другите повеќе. Разбирајќи ја природата на страдањето, подобро ќе се разберете и себе си и ќе ја откриете тајната на среќата: живеењето подалеку од негативните луѓе.

РАК: Доаѓате до крупни и долготрајни промени: можеби се чувствувате експонирани, но таква е природата на кармата, таа не заобиколила никој и се служи во вистинското време. Сепак, што и да се случи, бидете трпеливи и со својата умереност ќе дојдете до извонредни тајни! Потрудете се повеќе околу домот и неговите потреби. Без интриги.

ЛАВ: Правдата најдобро се задоволува со претставување на сопствените таленти: уживате во плодовите на својата работа и се чувствувате благословено. Исклучително важен период во кој што владеете со своите емоции: Месечината во Вага ве води на некој социјален настан, во кој што уживате со пријателите. Интелигентни забелешки и шеги.

ДЕВИЦА: Конечно изнаоѓате нови начини да се изразите и да го постигнете саканиот луксуз: имате поголема самодоверба и знаете како да се износите со предизвиците. Науката е тука да го подучи човека на неговите должности и начини на работа, а во тоа лежи огромна награда и голема важност. Понудете се некому во служба.

ВАГА: Подготвени сте да ги истражите непознатите и нови предели: цртате нова мапа со која што ќе појдете во авантура. Можеби чувствувате одредена одвоеност од останатите, но тоа е од привремен карактер. Денес ќе научите како подобро да го следите сопствениот ритам и да го слушате слаткиот глас на вистината. Со работа борете се против пороците.

СКОРПИЈА: Воздржани, дисциплинирани и самопожртвувани, денес доаѓате до саканата рафинираност. Сосема сами се соочувате со предизвиците, потрпирајќи се на својата искусна природа. Нови ангажмани на работен план и инвестиции кои ветуваат финансиски фидбек. Опуштете се малку, верувајќи во советите на постарите: тие се од вреден карактер.

СТРЕЛЕЦ: Возбудени сте поради некаков вид на натпревар и не дозволувате да бидете понесени од туѓата непромисленост: вложувате екстра напор и не им обраќате внимание на тривијалните работи. Како храбар витез се борите за својата кауза: страствени и непоколебливи, продолжувате со истото темпо напред. Денес зрачите со необичен шарм!

ЈАРЕЦ: Крупни промени од кои другите би биле престрашени, но тоа не важи за вас: имате чувство дека патот полека се расчистува и дека набрзо ќе стигнете на саканото место или позиција. Од вас се бара да не форсирате, туку со шарм и хумор да ги надминете дебатите. Апсорбирани во своите мисли, наоѓате начин да дојдете до вредни информации.

ВОДОЛИЈА: Денес сте храбри и ќе ја превземете целата одговорност на себе, покривајќи ги туѓите долгови: Месечината во Вага ќе ве научи на умереност во сите потфати и партнерства и така ќе дојдете до саканата благосостојба. Фиксирани на крајната цел, им оддавате чест на другите знаејќи да го цените напорот на секој поединец. Знаете како да љубите.

РИБИ: Со голема фантазија ќе ги следите важните настани: зад вас е големо искуство, како и поддршка од пријателите, која што ќе знаете да ја аплицирате практично во животот. Разбирате дека времето е важен фактор и учите кога е исправно да делувате: обдарени со ретки таленти, ќе бидете успешни во сите потфати. Реформи и нови откритија.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]