Пробни прелети за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“


Со два прелета во воздушниот простор на Република Северна Македонија изутринава од 7:30 до 9:30 часот ќе се изврши првиот пробен прелет за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“ (чување на воздушниот простор). Прелетот ќе го извршат воздухоплови на вооружените сили на Република Грција. Целта на прелетот е проверка на комуникациите и радарската покриеност на […]

Нови рочишта за „Триста“, „Титаник“ и „Тарифа“ на СЈО


Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Триста“, „Титаник“ и „Тарифа“. Во „Триста“ обвинет е поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за злоупотреба на службена должност при набавката на 300 возила за потребите на Министерството за внатрешни работи. Судијката Добрила Кацарска во мај минатата […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Најважно од сѐ е да разберете кога е време да се повлечете и да научитете за каков вид на работа станува збор: пред да продолжите напред, добро проучете ги своите планови. Можеби ќе наидете на одолговлекувања, но не брзајте со своите заклучоци. Покажете малку повеќе љубов, дури и да не ја добиете за возврат. […]

Виолинистката Ванеса Меј ќе го отвори „Охридско лето“ на 12 јули


Годинешното 59. издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе биде отворено со концерт на светски познатата уметничка, британската виолинистка Ванеса Меј. Таа на Античкиот театар на 12 јули на свеченото отворање на Фестивалот ќе настапи заедно со уметниците од Оркестарот на Македонска филхармонија и вокалните солисти од МОБ, под диригентска управа на бугарскиот диригент Иван Кожухаров. […]

Скарлет Јохансон, по два брака, се сврши по трет пат


САД– Холивудската актерка Скарлет Јохансон (34) се сврши со момчето Колин Џост (36) од ТВ-шоуто „Сабота навечер во живо“ (СНЛ). Портпаролот на Јохансон, Марсел Паризо, за АП потврди дека двојката се свршила после двегодишна врска, но дека сѐ уште нема датум за свадбата. Парот е во врска од јули 2017 година. Ова ќе биде прв […]

Плато пред МОБ: Видео на „Ана Болена“ од Доницети во изведба на Виенската државна опера


Вечерва, во 20.30 часот, на платото пред Националната опера и балет со видео на отворено ќе биде прикажана „Ана Болена“ од Доницети во изведба на Виенската државна опера, по повод 150 години од нејзиното основање.  Диригент е Евелино Пидо, а режија на Ерик Џеновезе. Гаетано Доницети со премиерната изведба на Aнa Болена во 1830 година […]

Шведски обвинител бара апсење на Асанж


Шведска – Шведскиот обвинител кој ја води истрагата за обвинението за наводно силување против основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, денеска поднесе барање за негово апсење, соопшти обвинителството. Налогот за апсење, доколку биде издаден, ќе биде прв чекор во процесот кој би резултирал со екстрадиција на Асанж во Шведска од Велика Британија, каде отслужува казна од 50 […]

Турските власти апсат 249 дипломати поради поврзаност со Ѓулен


Турција– Турските власти побараа да се уапсат 249 вработени лица во Министерството за надворешни работи поради сомневање за поврзаност со мрежата на свештеникот Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, а за која се тврди дека го организираше неуспешниот државен удар во 2016 година, објави НТВ. Властите спроведоа регуларни операции против наводни следбеници на Ѓулен, кој […]

Првата Парада на гордоста во Скопје на 29 јуни


Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија го објави одржувањето на првата Парада на гордоста на скопските улици во последната сабота од јуни. Со оваа најава Ирена Цветковиќ ја отвори денешната прес конференција, истакнувајќи ја важната улога која медиумите ја имаат во заедничката борба за праведно општество во кое се почитуваат човековите права и слободи на […]

Кан не може без Моника Белучи: Диор за црвен килим


Франција- Обожавана и од Фрацузите и од Италијанците, Моника Белучи се појави на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал во друштво на режисерот Клод Лелуш за премиерата на новиот филм „Les plus belles années d’une vie“. Убавата глумица и во петтата деценија, носеше црн фустан со длабоко деколте од „диор“, додека изгледот е заокружен со […]

Принцот Мајкл од Кент ја омажи ќерка си: Која е бринетата со Хари?


Англија– Британското кралско семејство повторно се собра на свадба. Леди Габриела Виндзор (38), ќерка на принцот Мајкл од Кент, роднина на кралицата Елизабета Втора, се омажи вчера за Томас Кингстон во Виндзор, популарно место за озаконување на врските  на членовите на кралското семејство. Леди Винзор носеше венчаница на дизајнерката Луиз Бекари со огромен шлеп, а […]

„Пајакот“ кренал 134 возила, 30 сообраќајки викендот во Скопје


За непрописно паркирање изминатиот викенд во Скопје се изречени 200 мерки, а „пајакот“ подигнал 134 возила. Во  12 од вкупно регистрираните 39 сообраќајки со тешки телесни повреди се здобиле две лица, а 12 се полесно повредени. Сообраќајната полиција исклучила од сообраќај 55 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и тројца […]

Амстердам, Ротердам, Хаг и Мастрихт: Кој град ќе биде домаќин на Евросонг 2020 ?


Израел– Неколку холандски градови веќе се вклучија во трката за домаќин на Изборот на песна на Евровизија во 2020 година, откако претставникот на Холандија, Данкан Лауренс победи на финалето на Евросонг, викендов во Тел Авив. Како што јавија холандските медиуми, интерес за организација на Изборот следната година веќе најавиле Амстердам, Ротердам, Хаг и Мастрихт. Инаку, […]

Се чека согласност од Грција за да паднат цените на роамингот


Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) до грчките колеги достави предлог и динамика за најавеното намалување на цените во роаминг што, според меморандумот што го потпишаа двете држави, треба да стартува од летната сезона. Во првата година по влегување во сила на меморандумот, според предлогот, цените за пренос на податоци во малопродажба би се намалиле за 93 […]

Хрватска најатрактивна за сезонска работа за Македонците


Македонците не го губат интересот за работа во странство, особено за сезонска работа од неколку месеци во земјите од регионот и во Европа. Според агенцијата „Коузон“, најатрактивна е Хрватска во овој период на летна сезонска работа во угостителството. Како што објаснува менаџерот во агенцијата, Ирена Петреска, Хрватска е атрактивна поради поволните услови и платата што ја […]

До среда треба да му се одземе мандатот на Груевски


Точката за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски до вчера не беше закажана, иако треба да се разгледа до среда, кога изминува рокот од 15 дена по известувањето добиено од собранискиот спикер, Талат Џафери. Дотогаш Комисијата прво треба да го разгледа законот за агенција за национална безбедност, за кој се поднесени педесетина амандмани. Откако […]

Виенски економски форум – нови перспективи за Република Северна Македонија


Австрија–  Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, денеска ќе учествува на Виенскиот економски форум „Виенски економски разговори – нови перспективи за Република Северна Македонија“. Делегацијата, во која учествуваат вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за финансии Драган Тевдовски, како и министерот за образование и наука Арбер Адеми на формумот, покрај дискусија за можностите […]

Барби ќе биде наградена од Советот на модни дизајнери на Америка


САД– Куклата Барби има 60 години долга историја во која освоила почести како модна икона. Таа ја носела облеката на речиси сите најголеми модни гиганти во светот и била инспирација за многу други. Сега нејзините заслуги ќе бидат наградени со специјална награда од Одборот на директори на годишната церемонија што ја организира Советот на модни […]

Патувачкиот автобус на ЕУ низ осум градови во земјава


Амбасадори од неколку земји членки на ЕУ, студенти и претставници на медиуми од денеска до 31 мај ќе посетат осум градови низ земјава. Патувачкиот автобус на ЕУ со претставници од Делегацијата на Европска Унија е дел од кампањата „ЕУ за тебе“. Целта на патувачкиот автобус на ЕУ, организиран од Делегацијата на Европска Унија, е да […]

Пратениците ќе расправаат за реципрочно признавање на возачките дозволи со Косово


Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја одржи 98. седница на која треба да бидат разгледани 26 предлог закони и годишни извештаи. Пратениците треба да го ратификуваат Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за реципрочно признавање на возачките дозволи. На дневен ред, меѓу другото, се и предлог законите […]