Амстердам, Ротердам, Хаг и Мастрихт: Кој град ќе биде домаќин на Евросонг 2020 ?


Израел– Неколку холандски градови веќе се вклучија во трката за домаќин на Изборот на песна на Евровизија во 2020 година, откако претставникот на Холандија, Данкан Лауренс победи на финалето на Евросонг, викендов во Тел Авив.

Како што јавија холандските медиуми, интерес за организација на Изборот следната година веќе најавиле Амстердам, Ротердам, Хаг и Мастрихт.

Инаку, успехот на 25-годишниот Лауренс со песната „ Arcade“, е прва победа на Холандија по 44 години, и петта за Холандија.

Победничката песна крие тажна вистинска приказна која му се случила на пејачот.

Пејачот открил дека инспирација за песната дошла од голема болка, а потоа во песната потполно „се разголил“.

„Ме инспирира прераната смрт на личност која ја сакав“, изјавил Данкан, не сакајќи притоа да изнесува повеќе детали за тоа, освен што подвлекол дека станува збор за навистина рана животна доб.

Она што е интересно е дека пејачот во спотот за Евросонг се појавува потполно гол.