Тамара: Отидовме, видовме, победивме – се чувствуваме како победници


Отидовме, видовме, победивме. Ова е резултат на тимска работа, многу љубов и посветеност, рече Тамара Тодевска пред нејзините фанови кои дојдоа да ја пречекаат на Скопскиот аеродром по успешниот настап и освоеното осмо место на евровизиското финале во Тел Авив. – Извинете што ме чекавте долго, не беше до нас тоа што доцневме. Ова се […]

Облачно со повремен пороен дожд, грмежи и ветер


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во источните делови. Утринската температура ќе се движи од пет до 13, а дневната од 15 до 26 степени. Во Скопје, облачно со сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до 10, а […]

Хороскоп : Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Денот започнува по малку неодлучно: каде и да се свртите, некои луѓе добиваат предност, а тоа ги усложнува ситуациите. Ќе треба да попуштите и да изнајдете нов метод со кој ќе ги реализирате своите планови, но без да ја истрошите силата премногу. Нови идеи, кои бараат сериозно размислување и анализа. Бирајте мудро. БИК: Влијание […]

Заробена или парализирана


НИКОЛА ПОПОВСКИ Дали имате впечаток дека најголем дел од клучните личности на власта, особено оние од извршната, секојдневно и упорно се појавуваат во улога на едни од клучните говорници на разни конференции во земјава и странство организирани од разни здруженија, комори, асоцијации, НВО, агенции и слични организации на кои се троши многу време и енергија, […]

Можен е договор за СЈО до крајот на мај


Работните групи што преговараат за законот за јавно обвинителство можно е да постигнат договор и да ги усогласат ставовите за статусот на Специјалното јавно обвинителство до крајот на мај, брифираат извори од Министерството за правда. Ако бидат реализирани ваквите најави, двете страни би постигнале договор пред извештајот на Европската комисија на крајот на мај и […]

Рама категоричен: Не давам оставка


Албанија– Албанскиот премиер Еди Рама категоричен во својот став дека нема да даде оставка од премиерската функција. На денешната срдба со кандидатите за градоначалници на 61 општина рече дека од власт може да си оди единствено ако тоа од него го побараат оние кои го гласале а не по барање на опозицијата. – Власта не […]

УЕФА повторно го казни Ајнтрахт поради навивачите


Франција – Радоста на навивачите на Ајнтрахт Франкфурт по победата над Бенфика во четвртфиналето на Лига Европа донесе на клубот казна од УЕФА. Овој пат „орлите“ беа казнети со 34.500 евра, а причината е „обид за упад“ – дел од фановите на се уште актуелните носители на Купот на Германија се симнаа од трибините и речиси […]

„Скопје цвета“ во Градски парк


Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, по повод „Скопски цветен фестивал“, што се одржува  денеска и утре во Градскиот парк во Скопје, истакна дека, целата идеја е да се направи спој меѓу скопјани и природата, со цел да се научат граѓаните да ја сакаат природата што е можно повеќе. На овогодинешата манифестација под мотото „Скопје цвета“ […]

Пендаровски ѝ посака успех на Тамара на Евросонг : Само напред девојко!


Претседателот Стево Пендаровски кој речиси пред една недела ја презеде функцијата шеф на државата,  со својата сопруга денеска преку телефон и посака на Тамара успех на настапот на финалето на Евровизија. – Со Бети ѝ посакавме успех на Тамара и нејзиниот тим во финалната вечер на Изборот за песна на Евровизија. Само напред девојко, земјата […]

Кои се специјалните гости на финалето на Евросонг 2019?


Израел- Финалето вечерва на Евросонг (21 часот) освен како натпревар со песни, е замислен и како шоу со специјални гости, досегашни победници на престижниот музички настан. Па така, фановите на Евровизија може да се радуваат на повторна средба со Дана Интернешенел и Вера Сердушка. Други ѕвезди како Кончита Вурст од Австрија, Манс Зелмерлев од Шведска […]

Стејт департментот одобри продажба на ракети на Јужна Кореја


САД – Американскиот Стејт департмент одобри продажба на рекети за противвоздушна одбрана на Јужна Кореја во вредност од 314 милиони долари, соопшти Пентагон. Во соопштението се наведува дека на Јужна Кореја, која е клучен американски сојузник во Азија, и е одобрена продажба на 94 ракети СМ-2, како и 12 системи за наведување и техничка поддршка. Ваквата […]

Австрискиот вицеканцелар Штрахе поднесе оставка


Австрија – Австрискиот вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе денеска поднесе оставка на функцијата, откако синоќа беше објавена видео снимката на која се гледа како тој за бизнис услуга бара финансиски надомест од девојка која се претставува како внука на руски олигарх. Како што јави ДПА, Штрахе по денешната средба со австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека на првиот […]

Маратон на Коридор 8: Тевдовски, Шилегов и македонски атлетичари трчаа за поддршка на Георгиев


Министерот за финансии Драган Тевдовски, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и атлетичари од Атлетската федерација го поддржаа ултрамаратонецот Краси Георгиев кој денеска трчаше во Скопје, а ќе продолжи со трчање долж Коридорот 8. Трасата е долга 1000 километри и вклучува над 20 градови од  Бугарија, Северна Македонија и Албанија. Целта е да се испрати порака […]

Кирил Колемишевски нов главен извршен директор на Македонска банка


На последната седница на Надзорниот одбор на Македонска банка Кирил Колемишевски е поставен за нов главен извршен директор на Македонска банка за поддршка на развојот АД Скопје. Според информациите објавени на сајтот, одлуката била донесена на 15. мај, а истекува со денот на добивање на согласност од страна на гувернерот на Народна банка на Република […]

Меѓународен ден на музеите, влезот е бесплатен


Со повеќе изложби и бесплатен влез, музеите во Македонија и низ светот денес го одбележуваат Меѓународниот ден на музеите и Европската ноќ на музеите 2019. Во рамките на двата исклучително значајни јубилеја – 100 години од откривањето на некрополата во Требениште и 95 години од основањето на Археолошкиот музеј, а по повод одбележувањето на интернационалниот […]

Иснер ќе пропушти Гранд-слем турнир за прв пат по 6 години


Франција – Џон Иснер ќе го пропушти „Ролан Гарос“ поради повреда и на тој начин ќе стави крај на неговата извонредна серија од 24 последователни учества на Гренд-слем турнири. Триесет и четири годишниот Американец, 11-ти во светската ранглиста, страда од повреда на левото стапало и нема да успее да се опорави за „Ролан Гарос“, каде што […]

Времен прекин на автобуските линии кон Водно поради манифестацијата „Прв до врв“


Поради одржување на манифестацијата „Прв до врв 2019″  утре од  девет до 10:30 часот нема да сообраќаат линиите кон и од Средно Водно. Времен прекин ќе има на линиите 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Стара железничка станица-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно), соопшти Јавното претпријатие Скопје.

По скандалот со барањето мито, Курц одбива понатамошна соработка со заменикот Штрахе


Австрија – По објавувањето на видео снимката на која се гледа како австрискиот вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе за бизнис услуга бара финансиски надомест од девојка која се претставува како внука на руски олигарх, канцеларот на Австрија, Себастијан Курц одбива секаква понатамошна соработка со неговиот заменик, соопштија денеска владини извори во Виена. Германскиот магазин „Шпигел“ синоќа објави снимка, […]

Американски морнари изработиле „листа за силување“ на нивни колешки


САД – Морнари на американската подморница „Флорида“ изработиле листа на која женските припаднички на екипажот на пловилото се подредени според нивната атрактивност, се наведува во извештај објавен на порталот „Милитари“. Како што јави ДПА, на т.н. „листа за силување“ се подредени сите жени морнари на „Флорида“, која е една од двете американски подморници со полово мешан […]

Интервју со Мики Анчевски, актер : Убаво е кога публиката реагира на претставите


Непоправлив оптимист како човек и актер, со голема одговорност кон професијата. Мики Анчевски (36) е еден од глумците на скромниот, но борбен ансамбл на Театарот за деца и младинци (ТДМ). Неговата верна публика се главно децата, но насмевки измамува и кај родителите. Досега играл во „Грдото пајче“, „Оливер Твист“, „Пипи Долгиот Чорап“, „Нашиот клас“, „Мачорот […]