Хороскоп : Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Денот започнува по малку неодлучно: каде и да се свртите, некои луѓе добиваат предност, а тоа ги усложнува ситуациите. Ќе треба да попуштите и да изнајдете нов метод со кој ќе ги реализирате своите планови, но без да ја истрошите силата премногу. Нови идеи, кои бараат сериозно размислување и анализа. Бирајте мудро.

БИК: Влијание од страна на некоја личност со креативни идеи: не мора сè одеднаш да проголтате, туку дајте си време добро да ги истражите новите хоризонти. Во текот на денот ќе имате поголеми шанси за ентузијастични шанси, а кои ќе донесат и финансиски фидбек. Темелни и упорни, наоѓате спасение и совет од страна на блиските. Љубов.

БЛИЗНАЦИ: Постојат пријатели што или ќе ве насмеат со своите досетки или ќе ве налутат со нетактичните шеги: не дозволувајте им да влезат подлабоко во вашиот интимен терен и да дојдат до информации што засега не би ги дале. Размислете за предизвиците и прашајте се што сакате: бидете подготвени да се соочите со непознатото!

РАК: Внимавајте на здравјето, домот или некаков вид измама: некоја пријателска личност би можела да ви завидува и да ви дава лоши информации. Многу е важно како комуницирате, за да ги избегнете овие негативни влијанија: можна е промоција, нов договор или вести преку мејл. Размислете за сè добро и воздржете се со претпоставените.

ЛАВ: Дружба со луѓе кои се целосно различни од самите вас: можно е да отпатувате или, пак, да се сретнете на некоја нова локација, каде што ќе разговарате за идеи и начини на кои би напредувале во научната област. Супер период за самоподобрување и запознавање на своите реални желби и потреби. Менување во животниот стил.

ДЕВИЦА: Месечината во Стрелец ги потенцира домашните потреби: нешто треба да се поправи или коригира, а новите информации треба да се процесираат добро. Силно влијание од страна на некоја личност со брз карактер и ум кој бара константна стимулација: внимавајте што ви се нуди, бидејќи насликаниот леб не може да се јаде. Развивајте ги талентите.

ВАГА: Разиграни односи со роднините или колегите, преку кои успевате да се опуштите: не е важно само да се работи, туку и да се најде начин за забава. Имагинацијата е поважна од имањето информации, затоа препуштете се на мистериите на животот. Избегнувајте да ги критикувате другите и фрлете ги тие отпадоци во минатото.

СКОРПИЈА: Денес може да си честитате за многу работи, но не претерувајте во билдањето на лажната суета. Секако дека поседувате многу таленти, но и тие се реализирани со поддршка на пријателите. Наскоро може да дојдете до нова работа, во која ќе се вложите сесрдно. Неодлучноста оставете ја во минатото и бидете смирени.

СТРЕЛЕЦ: Интимна средба во некоја убаво стилизирана просторија и амбиент, при што треба да сте свесни дека доаѓате до важни информации: пријатели, друштва, нови романтични врски и социјални случувања, од кои ви се врти во главата. Бизнис-понуда, која се чини дека е лесна, но крие многу проблеми: не плашете се да ја одбиете.

ЈАРЕЦ: Некоја динамична личност се стреми да направи некаков вид договор со вас, а поврзани сте семејно, интимно или на пријателско ниво. Искрена врска, па добро е да работите како тим: бидете мудри и одлично ќе владеете со ситуацијата, имајќи предвид дека никој не може да ве замени. Во тоа лежи вашата сила, како и во истрајноста и молчењето.

ВОДОЛИЈА: Се јавува надеж и по многу одрекувања и жртви, денес доаѓате до саканата помош: имате чиста совест и во тоа се состои целата правда во светот, па затоа сте подготвени да се соочите со мистериите. Учите многу нови работи во секојдневјето, а најважна е онаа како да ја споделувате својата среќа со другите. Бидете лојални.

РИБИ: Денес ќе откриете дека секој човек постапува на различен начин и за оние за кои мислевте дека ќе останат со вас до самиот крај ќе се утврди дека не мислат исто како вас. Не аргументирајте премногу, бидејќи така нема да постигнете ништо, само може да го изгубите мирот. Истото важи и за бизнис-ситуациите. Бидете подготвени на отстапки.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]