Кои се специјалните гости на финалето на Евросонг 2019?


Израел- Финалето вечерва на Евросонг (21 часот) освен како натпревар со песни, е замислен и како шоу со специјални гости, досегашни победници на престижниот музички настан.

Па така, фановите на Евровизија може да се радуваат на повторна средба со Дана Интернешенел и Вера Сердушка. Други ѕвезди како Кончита Вурст од Австрија, Манс Зелмерлев од Шведска и Елени Фуреира од Кипар ќе си ги разменат песните и тоа ќе биде хајлајт за музичките гурмани.

Ланската победничка Нета ќе го отвори шоуто, а кулминацијата ќе биде со настапот на поп-ѕвездата Мадона со две песни: хитот „Like a prayer“ од 1989 година и новата песна „Future“.