Меѓународен ден на музеите, влезот е бесплатен

Со повеќе изложби и бесплатен влез, музеите во Македонија и низ светот денес го одбележуваат Меѓународниот ден на музеите и Европската ноќ на музеите 2019.

Во рамките на двата исклучително значајни јубилеја – 100 години од откривањето на некрополата во Требениште и 95 години од основањето на Археолошкиот музеј, а по повод одбележувањето на интернационалниот ден на музеите, денес, влезот за посетителите ќе биде бесплатен“, соопштија од Археолошкиот музеј кој ќе биде отворен од 10 до 18 часот.

Во Музејот на Македонија вечерва се отвора изложба на цртежи и копии-фрески на Владимир Деловски-Џиџи „Тивкиот Маестро“.

Музејот на Град Скопје пак ја носи изложбата „Словенските апостоли Св. Кирил и Методиј “ по повод 1150 години од упокојувањето на Св.Кирил. И двата музеи работат од 9 до 23 часот.