Пробни прелети за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“

North Korean leader Kim Jong-Un waves from a balcony of the Grand People's Study House following a mass parade marking the end of the 7th Workers Party Congress in Kim Il-Sung Square in Pyongyang on May 10, 2016. North Korea kicked off a massive parade in the centre of Pyongyang on May 10 to celebrate a just-concluded ruling party congress that was seen as a formal coronation for supreme leader Kim Jong-Un. / AFP / Ed Jones (Photo credit should read ED JONES/AFP/Getty Images)
Со два прелета во воздушниот простор на Република Северна Македонија изутринава од 7:30 до 9:30 часот ќе се изврши првиот пробен прелет за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“ (чување на воздушниот простор). Прелетот ќе го извршат воздухоплови на вооружените сили на Република Грција.

Целта на прелетот е проверка на комуникациите и радарската покриеност на нашиот воздухопловен простор.

Прелетите се во функција на подготовката и исполнувањето на условите од страна на Република Северна Македонија во делот на воздухопловството како идна рамноправна членка во системот на колективна безбедност, соопшти Министерството за одбрана.

Мисијата „Air Policing“ е мирновремена задача на НАТО, која вклучува користење на системот за следење на воздушниот простор и управување со системот за команда и контрола на воздухопловните сили со соодветни сили и средства за противвоздушна одбрана, со цел заштита на воздушниот простор на земјите членки на НАТО.