Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Најважно од сѐ е да разберете кога е време да се повлечете и да научитете за каков вид на работа станува збор: пред да продолжите напред, добро проучете ги своите планови. Можеби ќе наидете на одолговлекувања, но не брзајте со своите заклучоци. Покажете малку повеќе љубов, дури и да не ја добиете за возврат. Тимска соработка.

БИК: Што и да треба да сработите денес, правете го тоа во сопствен тајминг и ќе ја надминете комплексноста на ситуацијата: ако форсирате, работите може да станат полоши. Тропнете на врата кај пријателите и тие ќе ви отворат: можеби сега нема да може да се наметнете, но тоа е причина повеќе да чекате и да анализирате. Бидете мудри.

БЛИЗНАЦИ: Можеби животот во последно време беше тежок и бевте под стрес, но сега е време да се опуштите и да ја истражите својата весела страна: откријте нови предизвици и пренесете го своето внимание на семејството. Време е да направите солиден план и да делувате според него. Неконвенционални солуции и интересни идеи.

РАК: Не губете време на луѓе кои што се завидливи и кои што ги избегнуваат своите должности: грижете се подобро за себе и своето здравје. Имате доволно искрени пријатели кои што ќе ви се најдат во вашите потреби: материјални или интимни. Преку искрен разговор ќе се ослободите од сето она што ве загрижува. Нови информации и совети.

ЛАВ: Можеби имате чувство дека сте сами на својот пат, но дали е навистина така пријатели? Направете искрен напор за да ги надминете своите слабости и чудната резервираност. Дозволете им на љубените да ве развеселат и докажете ја својата воспитаност, особено во друштво на невоспитаните: на овој начин ќе ги постигнете саканите награди.

ДЕВИЦА: Ако се соочите со недоразбирања на семеен план, не се обесхрабрувајте: ова не е ден за кога може да се постигне многу, затоа бидете опуштени. Помошта наскоро доаѓа. Бидете подготвени да се запознаете самите себе подобро и не мислете на туѓите недостатоци, туку на своите и како да ги коригирате. Откријте ја сопствената енигма.

ВАГА: Што и да правите, размислувате за врска во која што ќе постои лојалност, љубов и разбирање, но дали навистина го давате тоа за возврат и уживате во искрена среќа? Сега е време да се запрашате што стагнира во вашиот живот и да не се чувствувате како жртва. Ако треба заплачете и продолжете понатаму. Верувате ли во себе си доволно? Надеж.

СКОРПИЈА: Средба со авторитетна личност од вашиот интимен живот: татко, брат или добар пријател и тоа ви влева надеж. Ова е момент за делување, кои што ќе донесе промени во следните три месеци: вложете се сѐсрдно во што и да работите, бидејќи сега полесно ќе дојдете до решенија. Внимавајте на околината и можните интриги.

СТРЕЛЕЦ: Работите се движат според планот и зрачите со необочен шарм и интелигенција: пред вас се отвораат нови врати, преку кои ќе ги проширите своите хоризонти. Подготвени да ја браните својата слобода и независност, одберете добро што е вредно да задржите во животот, а што ќе остане минато. Не флертувајте премногу и не претерувајте во ништо.

ЈАРЕЦ: Она што ви се случуваше во минатото, не нужно ќе се случува и понатаму, затоа најдобро е да избегнувате да сте фрустрирани пред време. Ситуациите во надворешниот свет се само одраз на вашата внатрешна состојба, затоа бидете умерени дури и во она кое што на сите им е допуштено. Не ги потиснувајте емоциите, туку истражете ги.

ВОДОЛИЈА: Насмејте се дури и при најтешките околности и ќе сфатите дека при кавгите секогаш се губи дел од вистината: можеби сте под притисок, но подгответе се за нешто специјално денес. Нагли откритија, спиритуални реализации и добро здравје, кои ќе го омекнат вашиот дух и ќе ви извлечат слатки зборови. Ајде пријатели, бидете добри со тимот!

РИБИ: Денес е добро да сте трпеливи и да покажете дека знаете дека почекате кога тоа ќе се бара од вас: во повеќето случаи, работите ќе се решат самите од себе. Ако се соочувате со ситни здравствени проблеми, како главоболки или настинки, не им придавајте преголемо значење. Нови бизнис зделки и финансиски фидбек. Инвестиции.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]