Скарлет Јохансон, по два брака, се сврши по трет пат


САД– Холивудската актерка Скарлет Јохансон (34) се сврши со момчето Колин Џост (36) од ТВ-шоуто „Сабота навечер во живо“ (СНЛ). Портпаролот на Јохансон, Марсел Паризо, за АП потврди дека двојката се свршила после двегодишна врска, но дека сѐ уште нема датум за свадбата.

Парот е во врска од јули 2017 година.

Ова ќе биде прв брак за Колин, а трет за Скарлет. Ѕвездата на „Одмаздници: Завршница“ претходно беше во брак со Ромеин Дауриак со кого ја има ќерката Роуз (4) и со Рајан Рејнолдс.