Посмртните останки на 33 жртви на геноцид ќе бидат пренесени во Поточари


БиХ – Посмртните останки на 33 лица кои се убиени за време на масакрот во јули 1995 година во Сребреница, денеска од гробиштата во Високо ќе бидат пренесени во Меморијалниот центар Поточари. Останките на 33-те жртви ќе бидат закопани на заеднички погреб на 11 јули. Колоната која ќе се движи со табутите (носила на кои муслиманите […]

ЗКЛМ: Ги почитуваме сите стандарди за безбедност на македонското небо


Здружението на контролорите на летање (ЗКЛМ) во соопштение ги демантира информациите во дел од медиумите во однос на безбедноста на македонското небо и уверува дека ги почитуваат и исполнуваат сите стандарди за безбедно водење на воздухопловите во македонскиот воздушен простор. -Оваа доверба е искажана и од самите авиокомпании кои досега извршиле преку 91.000 летови во […]

Берлин очекува новата грчка Влада да го почитува Преспанскиот договор


Германија – Германија очекува новата грчка Влада да има конструктивна улога во процесот на нормализација на односите со Северна Македонија. Владиниот портпарол Штефан Зајберт вчера на прес-конференција во Берлин пренесувајќи ја честитката од канцеларката Ангела Меркел до новиот грчки премиер Киријакос Мицотакис, истакна дека решението на долгогодишниот спор за името од страна на владите во Скопје и […]

„Новости“: Тројца кандидати за наследник на Вучиќ на чело на СНС


Србија– Тројца кандидати во моментов влегуваат во игра како најсериозни наследници на Александар Вучиќ на чело на владеачката Српска напредна партија (СНС) – актуелната премиерка Ана Брнабиќ, министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ и градоначалникот на Нови Сад и потпретседател на партијата Милош Вучевиќ, пишува денеска „Новости“. На поширокиот список за нов шеф на СНС, […]

Стејт департментот одобри продажба на тенкови и ракети за Тајван, Кина загрижена


САД – Американскиот Стејт департмент одобри евентуална продажба на Тајван на тенкови „М1А2Т Абрамс“, на ракети „Стингер“ и на дополнителна опрема, во вкупна вредност од околу 2,2 милијарди долари, соопшти синоќа Пентагон. Западните агенции веднаш потсетија дека кинеското Министерство за надворешни работи уште минатиот месец, кога за првпат се појави веста за можната продажба, соопшти дека […]

„Визер“ издава двојни билети за наше добро


Авиокомпанијата „Визер“, која добива субвенции од државата, потврди дека издава двојни билети, но минимално, за што повеќе патници да можат да патуваат. „’Визер’, во согласност со практиката на авионската индустрија и применливата легислатива за заштита на потрошувачите, дозволува минимално пребукирање на своите најпопуларни рути, со цел да овозможи повеќе патници да патуваат, наместо некои седишта […]

Модна икона во лето?: Копирајте ја Џеки О.


Како да изгледате како модна икона во лето? Да се вртат по вас, а истовремено да ви е удобно и да не ви е топло? Експрвата дама на САД го пронајде својот летен стил и стана ултимативна стилска легенда и симбол на новата ера на културна софистицираност во Белата куќа. Својата женственост на патувањата, особено […]

Новата грчка Влада денес ќе положи свечена заклетва


Грција- Во претседателската палата во Атина, во 12 часот по локално време, членовите на новата грчка Влада ќе положат свечена заклетва, по што ќе следи и примопредавање на функциите во министерствата, додека, пак, првата владина седница ќе се одржи утре, јави дописничката на МИА од Атина. Во Министерството за надворешни работи на Грција, еден час […]

Оспорување на Преспанскиот договор не се очекува, можни различни толкувања во примената


Договорот од Преспа ќе продолжи да се спроведува и по победата на Нова демокартија и Киријакос Мицотакис на предвремените избори во Грција. Во фокусот ќе биде работата на експертските групи за историски, археолошки и образовни прашања и за трговските марки, како и толкувањето на одредени членови, но не се очекува блокада на евроинтеграциите, оценуваат амбасадорот […]

Нови рочишта за „Талир“ и „Тарифа“


Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за предметите „Талир“ и „Тарифа“ на Специјалното јавно обвинителство. Предметот „Талир“се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ за кое се обвинети Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија […]

Оставката на Весел Мемеди на денешната собраниска седница


Потпретседателот на Собранието Весел Мемеди, кој поднесе оставка на пратеничката функција, на денешната 104. седница ќе го искористи своето право и ќе се обрати пред пратениците, по што треба да биде констатирана неговата оставка. Мемеди за МИА потврди дека денеска ќе зборува пред пратениците и рече дека во своето обраќање ќе каже се што мисли […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Пред да се осамите, запрашајте се дали сте си себе си добро друштво: што и да се случува, сега не е добро да брзате, туку да се фокусирате на претходните искуства и да ги анализирате подлабоко. Ослободете се од свесните битки и медитирајте повеќе: така ќе успеете да го оставите минатото и сите глупости […]

Александар Митевски и Дац како дует на „Макфест“


Денеска во Штип се одржа првата прес-конференција за фестивалот на музика „Макфест 2019“. На неа беа соопштени изведувачите кои ќе настапат на трите фестивалски вечери, на 10, 11 и 12 октомври. „Годинава фестивалот се совпаѓа со празникот 11 октомври, што ќе биде дополнителен придонес во одбележувањето на денот на македонската револуција. Иако е лето, време […]

Угостителските услуги покапи од лани за 1,5 отсто


Цените на угостителските услуги во јуни во споредба со мај годинава се зголемени за 0.2 отсто, а во однос на јуни лани за 1,5 проценти. Зголемување во однос на мај е забележано во групите Храна за 0.3 % и Ноќевања за 0.1 %, Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јуни […]

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија” со награда за сценарио во Казахстан


Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска на штотуку завршениот 15. филмски фестивал Евроазија во Казахстан ја освои наградата за најдобро сценарио за сценаристите на филмот Елма Татарагиќ и Теона Стругар Митевска. Месецов филмот ќе биде прикажан на седум фестивали, а ќе започне и негова кино дистрибуција во Кина. Во рамки […]

Стиви Вондер го чека трансплантација на бубрег


Англија– Музичката легенда Стиви Вондер (69) на концертот кој го одржа синоќа во Лондон, откри дека го чека трансплантација на бубрег. „Јас сум добар, имам донатор и сè е во ред”, рече Вондер на концертот што се одржа на музичкиот фестивал „Бритиш самер тајм Хајд Парк“ во Лондон. По пеењето на песната „Суперстишн”, тој и […]

Дуа Липа во врска со братот на Џиџи и Бела Хадид


Англија- Странските медиуми се распишаа за новата ѕвездена двојка на сцената. Поп-ѕвездата Дуа Липа е во врска со Анвар Хадид, помладиот брат на манекенките Бела и Џиџи Хадид. 23-годишната Липа утеха, по раскинувањето на повеќегодишната нестабилна врска со познатиот готвач Ајзак Кару, ја пронашла во три години помладиот манекен Анвар. А, веста за романсата ја […]

Министрите Шекеринска и Бошковиќ на вежбата „Одлучен удар“на Криволак


На армискиот полигон „Криволак“, министрите за одбрана на Република Северна Македонија и на Република Црна Гора, Радмила Шекеринска и Предраг Бошковиќ ќе присуствуваат на вежбовна активност артилериско гаѓање од страна на припадниците на црногорските вооружени сили, кои се дел од вежбата „Одлучен удар“. Артилериските боеви гаѓања ќе се изведат во реонот на „Караоџали“ на АП […]

На небеските проблеми им треба тврдо приземјување


АНИТА САЛТИРОВСКА Штетата е направена. Сомнежот во безбедноста на летање од македонските аеродроми е посеан. Ако некој мисли дека граѓаните пред да купат авионски билет ќе се задлабочат во истражување кој е во право од оние што изнакажаа сè и сешто за случувањата во М-НАВ, се лаже. „Леонардо“, паѓање на радарска слика, авиони на недозволено […]

До 30 проценти поевтино набавени гумите за блиндираниот мерцедес


Педесет и три илјади евра и до 30 проценти пониска вредност за автомобилски гуми ќе плати Владата преку Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) за набавка на 16 пневматици (осум зимски и осум летни), за три блиндирани возила сопственост на Владата преку СОЗР, кој има можност да се искористат и платат не во рок […]