Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Пред да се осамите, запрашајте се дали сте си себе си добро друштво: што и да се случува, сега не е добро да брзате, туку да се фокусирате на претходните искуства и да ги анализирате подлабоко. Ослободете се од свесните битки и медитирајте повеќе: така ќе успеете да го оставите минатото и сите глупости зад себе. Во последен миг доаѓа до изедначување.

БИК: Необични случувања, од кои срцето ви бие во побрз ритам: уживате во новите совети и работите под будното око на саканите, а животот добива нова смисла. Шармантни и заводливи, ретко кој може да им побегне на вашите љубовни стрели: сега сте подготвени да истражувате нови простори и димензии од животот. Восхитување од страна на пријателите.

БЛИЗНАЦИ: Откривате дека имате одговорност за она што го правите, но и за она што не го правите: нешто треба да си замине од животот, а вие избирате што ќе биде приоритет. Можеби и ќе заплачете, но и тоа брзо ќе мине, по што ќе разберете дека нема потреба сами да ја носите сета тежина на светот. Не купувајте по автоматизам, среќата лежи на друго место.

РАК: Во совршен баланс со себе и својата околина, уживате во топлите летни денови: ако сте на одмор, одморете се и реставрирајте ја својата сила. Ослободени од финансиските грижи, ќе откриете нов начин за заработка, но и ќе потрошите нешто, практично одбирајќи го она што ви треба. Не напрегајте се премногу, туку најдете време за себе и своето хоби.

ЛАВ: За да ја постигнете саканата финансиска стабилност, ќе треба да сте трпеливи и да ги помирите спротивставените страни во себе: за да знаете што е слатко, ќе треба да откриете што е горко и ќе победите откако ќе го надраснете внатрешниот хаос. Околностите се поволни и ќе успеете да постигнете личен интегритет. Одморете се во попладневните часови.

ДЕВИЦА: Поддржани од страна на околината, денес уживате во заслужените признанија: добивате комплименти и се запознавате самите себе подобро. Љубезни и чувствителни, успевате да се опуштите малку и да поразговарате повеќе дури и со оние кои што ги среќавате за прв пат: искористете ги убавите планетарни влијанија и напредувајте во професионалната сфера.

ВАГА: Неверојатна среќа со која што постигнувате мудрост: истражувајте малку повеќе за да го откриете вистинското значење на овие настани и следете ги сите необични знаци. Гледајте под површината и ќе откриете суптилни пораки онаму каде што и не очекувате: соочувајќи се со сопствените стравови, ќе успеете да ја надминете неодлучноста. Верувајте си повеќе!

СКОРПИЈА: Не жалете за пропуштените шанси, фокусирајќи се на здодевноста или летаргијата во вашиот живот: не затворајте се во себе, бидејќи така нема да напредувате. Можеби се соочувате со загуба на финансиски или имотен план или, пак, ќе треба да им дадете поддршка на пријателите кои што минуваат низ таков период. Останете храбри, што и да се случува.

СТРЕЛЕЦ: Се чини дека Сонцето повторно свети во вашата улица: со голема мудрост успевате да ја вратите контролата во својот живот. Вашите чевли се немирни и сакате да патувате, при што ќе ја откриете својата подлабока духовна страна: весели и флексибилни, ја сакате филозофијата повеќе отколку таа вас. Правите огромни чекори, во вистински правец!

ЈАРЕЦ: Колку и да сакате да ги потиснете емоциите, едноставно нема да можете: денес и самите сакате да бидете чуени и правите гестикулации за да докажете дека сте во право. Нема потреба да сте тажни и ова брзо ќе мине: бидете отпорни ако почнете да се сомневате во себе и својата рационалност. Верувајте ѝ на интуицијата и ќе ги надминете рестрикциите.

ВОДОЛИЈА: Необременети, силни и добро ситуирани во својата вистина, денес уживате во добрата среќа и успех: најверојатно ќе патувате или ќе дојдете до значителен профит. Можеби очекувате некаков вид на наследство и пораки во таа смисла: луксузот е она што е премногу, а ги прави луѓето среќни. Необични пораки поврзани со родното место и семејството.

РИБИ: Се чини дека минувате низ своевидна духовна трансформација: одеднаш се будите за скриените сили околу себе и гледате подлабоки пораки во оние што ги среќавате. Одличен ден во кој ќе ги остварите своите надежи и сништа и можеби ќе појдете на пат покрај вода: средба со помлада личност која ја буди вашата емоционална сила.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]