Кралот Чарлс и Камила духовито изреагираа на веста за новиот Џејмс Бонд


По години шпекулации, конечно е познато кој ќе биде новиот Џејмс Бонд. Во понеделник, Amazon MGM Studios официјално потврди дека улогата на иконскиот агент 007 ќе му припадне на Роберт Патинсон, кој со тоа го наследува Даниел Крег. Речиси истовремено, кралот Чарлс III и кралицата Камила реагираа духовито на веста.

Неизвесноста што долго го следеше филмскиот свет заврши со објава на официјалниот Инстаграм профил на агентот 007, во која се потврди дека 40-годишниот британски актер ќе го носи смокингот на Џејмс Бонд. Новото, 26-то продолжение на франшизата се очекува во 2028 година, а ќе го режира канадскиот режисер Денис Вилнев, познат по спектаклот „Дина“, додека сценариото го потпишува Стивен Најт, авторот на серијата „Peaky Blinders“.

На првата официјална фотографија, ѕвездата од сагата „Самрак“ позира во костум, со пиштол во раката и лице делумно во сенка, со едноставен натпис: „Патинсон е Џејмс Бонд“.

Веста веднаш предизвика реакција од кралскиот двор. Само неколку минути по објавата, официјалниот профил на кралското семејство ја сподели фотографијата на својата Story со духовита порака за добредојде на новиот шпион на Круната: „Добредојдовте во Тајната служба на Неговото Височество, г-дине Бонд“. Слаткиот гест брзо ги освои фановите на сагата и монархијата.

Долгогодишна врска со агентот 007
Ентузијазмот од дворот не е изненадувачки, со оглед на тоа што Чарлс III и Камила со години негуваат посебен однос со светот создаден од Иан Флеминг. Кралскиот пар присуствуваше на бројни премиери, а во октомври 2012 година прошетаа по црвениот тепих во лондонската Ројал Алберт Хол за светската премиера на филмот „Скајфол“.

Кралот го посети и снимањето на „Нема време за умирање“ во јуни 2019 година за да се сретне со екипата, а во септември 2021 година повторно се сретна со тогашниот Бонд, Даниел Крег, на лондонската премиера, на која присуствуваа и принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Врската помеѓу британското кралско семејство и агентот 007, според тоа, јасно продолжува и во новата ера.