Швајцарската амбасада доби високо општинско признание по повод „7 Септември“ – Денот на ослободувањето на Кочани
Амбасадата на Швајцарија го доби највисокото општинско признание за значајни остварувања во 2019 година по повод „7 Септември“ – Денот на ослободувањето на Кочани. Признанието беше доделено на свечена седница на Советот на општината како благодарност за донацијата од 21 милион швајцарски франци за изградбата и опремувањето на регионалната пречистителна станица за отпадни води. -Изградбата […]