Над 100 казни за возачи на мотори и автомобили во Скопје

При акциска контрола на полицијата, синоќа на подрачјето на Град Скопје за брзо возење санкционирани се 45 возачи на автомобили и 12 „моторџии“,  а на двајца им се одземени моторите за натамошна постапка.

Како што соопшти МВР, вчера од 6 до 24 часот во акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје, санкционирани се 45 возачи кои ја пречекориле брзината, а откриени се 25 останати прекршоци за кои се издадени 14 мандатни платни налози и 11 прекршочни платни налози.

-Одделението за безбедност на патниот сообраќај на 6/7 септември 2019 година во времето од 18:30 до 1:30 часот спроведе акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачите на мотори на подрачјето на Скопје. Притоа, санкционирани се 12 возачи. Покрај тоа, задржани се два мотоцикли за натамошна постапка за проверка на техничка исправност. Откриени се 22 останати прекршоци за кои се издадени 11 мандатни платни налози и 11 прекршочни платни налози, се наведува во соопштението на МВР.