Хороскоп: Што велат ѕвездите за празничниот викенд


ОВЕН: Се восхитувате на гениите што ги постигнуваат успесите на полето на естрадата, науката, бизнисот и спортот, без да се сетите дека и вие имате таков потенцијал. Ова е производ на нивниот искрен напор и затоа тоа ви се допаѓа: сфаќате дека уникатноста е нешто многу привлечно, а таква е и вашата душа. Непоходно е да се водите според сопствените стандарди.

БИК: Искусни и истренирани, успевате да ја видите само позитивната страна на настаните: ако утрото доцни, ќе го чекате пладнето, а потоа и следниот ден, како да чекорите на тенка линија од тука до вечноста. Знаете дека вашите планови не се само пуста мечта, туку имаат реална основа во материјалниот свет и тоа ви дава мир. Среќни сте.

БЛИЗНАЦИ: Соочување со сериозен опонент, кој што не сака да попушти воопшто: ваквиот тип на однесување скоро секогаш завршува на туѓата штета, како по некое непишано правило. Оној што толку инсистира на своите права, на крајот ќе остане без основните, а вие ќе успеете да се ослободите од непотребните луѓе во својот живот. Послушајте се себе.

РАК: Ова е исклучително важен период во кој што ќе пожнеете убави резултати: сега решавате што е правилно и поставувате нови стандарди, особено во партнерските односи. Имате право да го одберете она што другите го сметаат за погрешно, бидејќи тоа не важи и за вас: колку луѓе, толку мислења, а најважно е да си верувате себе си. Време е за дружење.

ЛАВ: Во пространството на варијанти постои сѐ и нешто од тоа ви припаѓа лично вам: за нешто е добро да говорите, додека пак за другите работи размислете добро и оставете ги за некое друго време. Откако ќе се одлучите, споделете ги со саканите и наместо да бидете загрижени, олеснете си и разберете дека избраните се избрале самите себе.

ДЕВИЦА: Ќе успеете да ја смените својата реалност штом ја смените старата и излитена мелодија: напуштете го кафезот од злато, пеејќи нова песна. Мислите стануваат реалност, а сега се јавува екстраординарен потенцијал кој што е во вашиот дофат: бидете решителни и следете ги ситните симболи и информации во непосредната околина. Не плашете се!

ВАГА: Конечно треба да завртите нов лист во својот живот: изненадете ги сите и направете крупна промена во однос на домот. Реновирање, селење и нов циклус, со кој што повторно ќе ја вратите љубовта на саканите. Помогнете си самите и небото ќе ви помогне вам. Размислувајте за иднината и за убавите шанси што таа ви ги нуди. Креативен потенцијал.

СКОРПИЈА: Сѐ што се случува сега е од екстремна важност: ова е активен период, кога ќе треба да го оставите минатото зад себе. Погледнете подобро во своето огледало и откријте што треба да се прочисти за да дојдете до совршената слика и првичната замисла. Разработување на некоја идеја или бизнис, со која што ја остварувате личната судбина.

СТРЕЛЕЦ: Силната страст и енергија треба да добијат практична рамка и рационален редослед: поставете јасни правила и покажете колку сте сериозни, живеејќи според своето кредо. Вашата лична сила ве движи во потребните правци, бидејќи разумот и душата се слеани во единство. Не анализирајте ја реалноста, работете да ги исполните своите желби.

ЈАРЕЦ: Вашиот фокус е насочен кон далечните земји и соработката со личности кои што доаѓаат оддалеку: награди и промоција, како и шанса да го откриете светот на едно пошироко ниво. Бидете оригинални и луѓето ќе ви честитаат: не се станува ѕвезда ако ги копирате останатите, туку ако си го дозволите луксузот да бидете она што сте: уникатна и талентирана личност.

ВОДОЛИЈА: Ако се соочувате со потешкотии, можете самите да го смените отпорот штом се разбудите и откриете од каде се јавуваат проблемите: засвирете ги сирените и откријте дека е време да ги разбудите и останатите. Приклучете се кон некоја кауза и расчистете ги сомнежите: опасноста не се состои од самиот проблем, туку од вашиот однос кон него.

РИБИ: Ако сакате да ги надминете ограничувањата на физичката реалност, ќе треба да сфатите дека имате потенцијал да ги реализирате најинтимните соништа на волшебен начин. Како? – можеби ќе се прашате, но не рационализирајте премногу, туку подгответе се да постигнете автономија и да ги срушите старите структури и изградите нови. Релаксирајте се.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]