Диор го надмина Меквин: 600 илјади посетители ја виделе изложбата во Лондон

Англија- Модната изложба „”Christian Dior: Designer of Dreams “ го сруши рекордот во посетеност во најголемиот музеј во светот „Викторија и Алберт“.

Изложбата која беше отворена на 2 февруари и наместо во јули, беше затворена на 1 септември, ја виделе 600 илјади посетители.

-Ние знаевме дека изложбата ќе предизвика внимание, ама неочекувавме рекорд. Диор во 1947 година го смени лицето на модата, креирајќи наследство кое продолжува да инспирира ѝ денес, изјави Тристрам Хант, директор на музејот.

Диор го симна од престолот Александар Меквин чија изложба „Alexander McQueen: Savage Beauty”  во 2015 година ја посетиле 480 илјади посетители.

Во славниот музеј досега се изложени и креациите на Ив Сен Лоран, Марк Бохан, Џанфранко Фере, Џон Галиано, Раф Симонс и Марија Грација Кјури.

Леди Дајана
Принцезата Шарлин од Монако
Шарлиз Терон со Галијано
Меган Маркл