СП кошарка: Шпанија ја победи Италија и си обезбеди четвртфинале


Кина– Во натпреварот од 2. коло од втората групна фаза на кошаркарскиот Мундијал во Кина, репрезентацијата на Шпанија вчера ја победи Италија со 67:60 (18:18, 12:13, 20:17, 17:12).

По овој триумф, Шпанците обезбедија учество во елиминациската фаза, додека Италија остана без пласман во четвртфиналето.

Табела Ј-група:
1.Србија 8 бода
2.Шпанија 8
3.Италија 6
4.Порторико 6.

Покрај Шпанија, во следната фаза од Светското првенство ќе оди и Србија која денеска го совлада Порторико.