93 земји во трката за Оскар за најдобар интернационален филм


САД– Филмови од 93 земји во светот се во трката за Оскар за за најдобар интернационален филм, што е рекорд, соопшти Академијата за филмски уметности и наука. Македонски претставник е документарецот „Медена земја“ на Љубо Стефанов и Тамара Котевска. Во оваа категорија, најмногу награди има освоено Италија-14, а најмногу номинации има Франција- 37. 92-то доделување […]

Средба Исмаили – Манчевски по повод светската премиера на „Врба“


Министерот за култура Хусни Исмаили денеска во својот кабинет имаше средба со режисерот Милчо Манчевски по повод претстојната светска премиера на неговиот шести игран филм „Врба“ на Филмскиот фестивал во Рим. -На средбата стана збор за најновиот игран филм на Манчевски „Врба“ чија премиера ќе биде на 19 октомври на 14. Филмски фестивал во Рим. […]

Промоција во Небрегово: „Слова и согледби за Блаже Конески“ од проф. д-р Димитар Пандев


Утре напладне, во спомен-домот „Блаже Конески“ во  Небрегово, ќе биде промовирана  „Слова и согледби за Блаже Конески“ од проф. д-р Димитар Пандев. Конески влегува во редот на нашите најмаркантни личности и национални фигури, прв претседател на МАНУ кој функцијата ја извршувал во два мандата, од 1967 до 1975 година. Грандиозниот научен и поетски опус на […]

Јубилејот на „ECM Records“ во фокусот на Скопски џез-фестивал


Скопски џез-фестивал најави силна програма за 38-то издание, во чиј фокус ќе биде одбележување на 50-годишнината од германската издавачка куќа „ECM Records“. Фестивалот на 17 октомври ќе го отворат двајца познати гитаристи од САД: Дејвид Торн –  еден од најимагинативни композитори и иноватори на гитарата во изминатите 40 години и Фред Фрит – иноватор, композитор […]

Шокантна одлука на шведскиот крал: На внуците им ги одзеде кралските титули


Шведска- Кралот на Шведска Карл шести Густаф одлучи да воведе промени во кралското семејство. Неговите внуци не ќе можат да се претставуваат како кралски височества ниту да извршуваат службени должности. Шведската кралска палата објави дека децата на принцезата Маделин (37) и на Крис Онил и децата на Карл Филип (40) и на принцезата Софија веќе […]

Јесим Устаоглу и Влатко Стефановски на „Киненова“: Музиката треба да е таму каде што треба и кога треба


Турската режисерка Јесим Устаоглу, која годинава е член на жирито на фестивалот „Киненова“ на македонската публика и беше претставена со три филмови во програмата „Посветено на…“. Станува збор за филмовите „Патување до Сонцето“, „Сомнеж“ и „Пандорината кутија“, кој ќе биде прикажан утре. За филмот „Патување до Сонцето“ музиката ја компонираше Влатко Стефановски, кој во текот […]

Родителите на поранешниот премиер на Италија, Матео Ренци осудени за финансиски измами


Италија – Италијански суд ги прогласи родителите на поранешниот премиер Матео Ренци за виновни за издавање лажни сметки и ги осуди условно на една година и девет месеци. Тициано Ренци и Лора Боволи, двајцата во 70-ти години, беа прогласени за виновни за издавање лажни сметки за вкупно 160.000 евра во 2015 година преку две мали компании. […]

Грција – САД: Конзистентна имплементација на Договорот од Преспа


Грција– Договорот од Преспа и важноста на неговата конзистентна имплементација со добра волја, како и интеграцијата на земјите од Западен Балкан во европските и трансатлантските институции се дел од заедничкото соопштение по одржаниот втор круг на стратешкиот дијалог меѓу САД и Грција. Стратешкиот дијалог, како што соопштуваат, ја потврдува заемната желба на Грција и САД […]

Јубилејна изложба на Рубенс Корубин во Чифте амам


„Ателје, радоста на сликањето“ е насловена изложбата на дела од опусот на академскиот сликар Рубенс Корубин, која ја организира  Националната галерија и ќе биде отворена вечер од 20 часот во  Чифте амам. Ќе бидат претставени негови нови дела, настанати во последните неколку години, како и постари дела, така што изложбата, како што наведе Галеријата, има […]

Светска банка со извештај за Западен Балкан


Полугодишниот економски извештај на Светска банка за земјите од Западен Балкан ќе биде презентиран денеска во Скопје. Ова е презентација на 16. издание од серијата извештаи за состојбата на економиите во земјите од Западен Балкан  – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија. Извештајот ќе го претстават Марко Мантованели, директор на Канцеларијата на Светска банка […]

Втор ден расправа за ребалансот на Буџетот за 2019 година


Пратениците денеска втор ден ќе расправаат по Дополнетиот предлог ребаланс на Буџетот за 2019 година со кој вкупните приходи се планирани на ниво од 210,5 милијарди денари, вкупните расходи се утврдени на износ од 228,2 милијарди денари, а дефицитот останува непроменет и е позициониран во износ од 17,7 милијарди денари. Со ребалансот се предвидува намалување […]

Свиркачот на Трамп бара заштита


САД – Американски официјални претставници презедоа мерки за безбедност за да заштитат припадник на разузнавачката служба, односно свиркачот чија изјава минатата недела предизвика процес за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп. Адвокатите на свиркачот во писмо до директорот на Националната разузнавачка служба изразија загриженост дека безбедноста на нивниот клиент може да биде загрозена откако Трамп посочи […]

Стотици останаа без возачка на Октоберфест поради возење е-тротинет во пијана состојба


Германија – Германската полиција објави дека на стотици корисници на електрични тротинети им ги одземале возачките дозволи затоа што биле пијани за време на фестивалот за пиво во Минхен, Октоберфест. Вкупно 414 лица се фатени како возеле е-тротинети во пијана состојба, од кои 254 лица останале и без возачка дозвола, се вели во полициското соопштение. Полициските […]

Камион удри во осум автомобили во Германија, најмалку 17 повредени


Германија – Најмалку 17 лица се повредени кога неидентификуван маж удри во неколку возила во центарот на Лимбург, Германија со украден камион, соопшти локалната полиција. Инцидентот се случи вчера попладне. Повреден е и возачот на украдениот камион, кој е приведен. Истрагата е во тек, а полицијата соопшти дека не е исклучено да се работи за терористички […]

Денови пред Европскиот совет: Северна Македонија испорача, на потег е ЕУ


Претстојниот Европски совет се смета за клучен, се очекува конечен пресврт во евроинтеграциските процеси на земјата и зелено светло за почеток на преговорите со Европската Унија. Датумот е само првичната точка од патот за целосно интегрирање, на кој земјава ќе отвора поглавје по поглавје од вкупно 35, почнувајќи со најтешките – 23 што се однесува […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Бидете подготвени за пораки со подлабок карактер и не гледајте ги работите црно-бело: некаков вид покана, која носи потенцијал за духовно и емоционално будење. Започнување на креативен проект, кој ќе ве исполни со радост и средба со личност со која што ве поврзуваат повеќе заеднички работи. БИК: Радувајте се бидејќи се приближувате кон помирни […]

Лук Бесон повторно на суд за силување


Франција – Француски суд повторно ја отвори истрагата во случајот против режисерот Лук Бесон, кој е обвинет за силување. Белгиско-холандската актерка Санд Ван Рој во мај 2018 година подигна обвинение против режисерот, за силување во еден париски хотел. Бесон не беше испрашуван со месеци по подигнување на обвинението. По неговото сведочење во октомври и декември […]

Тамара со настап во Мадрид: Почна европската турнеја


Поп-ѕвездата Тамара Тодевска ја почна европската турнеја. Завчера настапи во Мадрид, Шпанија, а ја чекаат концертите на втори ноември во Архус, Данска, а пак на 30 ноември во Келн, Германија. Тамара годинава со седмото место на „Евросонг“ и го донесе најдобриот пласман на Македонија.

Еколошки протести во 60 градови ширум светот


Австралија– Активисти против климатски промени денеска во 60 градови низ целиот свет го блокираат сообраќајот, банките, министерствата и трговските центри за да предупредат на „климатската и еколошка катастрофа што ни се заканува на сите“. Стотици демонстранти ги блокираа патиштата во австралиските градови денеска наутро. Во Сиднеј полицијата уапси 30 демонстранти за одбивање да се симнат […]

Во Турција се продаваат два острови


Турција – Острови близу југозападната провинцијата Мугла и западна Баликешир се пуштени во продажба на интернет, објави весникот „Сабах“. Остров близу Мумарис во Мугла е објавен по цена од 210 милиони фунти (36,7 милиони долари), и е пуштен во продажба на 22 септември од турски бизнисмени, кои живеат во САД. На островот има три малечки одвоени […]