Нела Тодоровска со унисекс ревија во МКЦ: Влијанието на кубизмот во модата


Вечерва, во 20 часот, во МКЦ, креаторката Нела Тодоровска која работи под брендот „ Mariguccha“ ќе ја претстави новата унисекс колекција за сезоната есен/зима 20120/2021.

Колекцијата е инспирирана од влијанието на кубизмот во модата.

-Почнувам од една минимална, чиста форма на кројка/конструкција која ја анализирам, подоцна ја деконструктивирам и повторно ја соединувам во  ансамбл на тридемензионалност. Целата колекција содржи основни форми кои произлегуваат од човечкото тело и се трансформираат во геометриски форми кои имаат функционалност и се прилагодени на истото. Формата ја следи функцијата, слободен пресек на волумен и судир на повеќе форми во една. Сликата од Picaso „Госпоѓиците од Авињон“ е еден пример за инспирација на оваа колекција, четири голи жени насликани една до друга, секоја во различна позиција од другата  и нивните тела насликани во делови. Кубизмот го спојувам со модата од 20-тите години, односно, машката мода носена од жена. Во тоа време жена да носи панталони и тоа како не било опшествено прифатливо, се сметало за невкусно и обратно од тоа што е нормално. Прво почнале со панталони до колена, кои личеле на подпанталона. Се сметале за многу пријатни и функционални, се изјаснувале дека се добри за јавање, планинарење, тенис  и играње голф, за подоцна да почнат да ги носат и оние жени кои не практикуваат спорт. Helmut Newton во една од неговите фотосесии прикажува фотографии во кои ја доловува машкоста во жената, вели Тодоровска.

“The right woman dressed and made up like a man looks far more chic than any man possibly could.” -Helmut Newton

Тогаш и сега, облеката го идентификува човекот и неговата професија, психологијата се состои во модата како акцесоар на животен стил. Ненаситност и експериметирањето на модата доведува до една конфузност каде во денешно време е прифатливо машко да носи женска облека и обратно. Губење во граници и либералност на живот. Сега е времето во модата за кое што претходните генерации се обидувале да го сменат, а ние сега го живееме и е дел од нашето секојдневие.

Колекцијата содржи 20 целосни аутфити. Сите аутфити во колекцијата се двострани, носливи од лице и опачина. Имаат мултифункционалност и се носат на повеќе начини.Тие се носат од двата пола.

ЦЕЛИ:

-ревија од 20 целосни аутфити /изложување после ревијата во showroom надвор од Македонија /веќе сум дел од платформата која се наоѓа во Лондон /NOT JUST A LABEL-имам понуди за учество во show roomovi /продажба на истата. Изложување на колекцијата со дополнителни мои финансии во show room Белград и Букурешт (каде подолго време се изложува мојот бренд).

КРОМАТИКА:

Кроматиката е со следнава комбинација:

-Основите на кројките се црни.

-За да се постигне тој 3D ефект на кубизам, вметнувам жолта, циклама, млечно зелена и пудра лила, сите тие во полна и транспарентна јачина на боја.

АКЦЕСОАРИ:

-чевли и ташни во архаични форми.

ТЕХНИКИ:

Симетрично и асиметрично сечење на неопренот. Плетење во најкрупна плетка со памучен конец/врвка во дебелина на 1 см. Ресење и избелување на материјали. Ткаена волна. Сите принципиелни кроеви кои ја обележуваат модата на 20-тите, ги користам и ги преименувам во еден футуристички изглед со помош на кубизам. Совршено изработени форми со недовршени рабови, принтање на текстил и обработка на волна во калап по форма на торзо.

МАТЕРИЈАЛИ:

Спојување на  неспојлив текстил по состав и изглед. Крути и мазни, волна и транспарентна свила, памук и неопрен кој дава флуидност на изглед.