Објавени номинациите за Златен глобус 2020: Мерил Стрип го собори сопствениот рекорд


САД- Во Лос Анџелес се објавени номинациите за филмската награда Златен глобус кои ќе бидат доделени на 5 јануари, наредната година.

„Џокер“ на режисерот Тод Филипс е номиниран во дури 4. категории и тоа за најдобар глумец во драма, најдобра драма, најдобар режисер и најдобра музика.

Со дури 17 номинации меѓу филмските режисери, води Нетфликс. а го следат Сони со осум, па Дизни и Ворнер Брос со по шест номинации.

Нетфликс доминира и меѓу телевизиски продуценти, исто така со 17. номинации, ХБО со 15. номинации, а Хулу и Прајмтајм со по пет.

Најмногу номинации меѓу играните филмови освоила „Брачна приказна“ на Нетфликс, кој е номиниран во шест категории, „Ирецот“ на Скорцезе има пет номинации, како и „Беше еднаш во Холивуд“ на Тарантино, додека „Џокер“  во режија на Тод Филипс и „Двајца папи“ на Фернандо Меирелес освоиле по четири номинации.

Меѓу телевизиските остварувања ситуацијата е нешто поизедначена, со тоа што „Чернобил“ (ХБО), „Круна“ (Нетфликс) и „Неверојатно“ (Нетфликс) се на врвот на листата со по четири номинации.

Номинациите ги претставиле глумците Тим Ален, Сузан Келеши Ватсон и Дакота Фенинг, а како водител на церемонијата е најавен контоверзниот Рики Герваис.

Мерил Стрип го продолжи својот рекорд во номинации на „Златен глобус“ освојувајќи ја 34-тата номинација за портретот на Мери Луис Рајт во втората сезона на „Големи мали лаги“, што се емитува на „Ејџ-би-о“.

Стрип е номинирана заедно со Хелена Бонам Картер (The Crown), Патриша Аркет (The Act ), Емили Вотсон (Chernobyl) и Тони Колет (Unbelievable) за најдобра актерка во телевизиска серија, лимитирана серија или филм.

Стрип претходно го собори сопствениот рекорд во 2018 година со 33. номинација за The Post.

Трикратната добитничка на „Оскар“ ја доби својата прва номинација за „Златен глобус“ во 1979 година за „Ловец на елени“ и продолжи да го освои својот прв трофеј „Златен глобус“ следната година за најдобра споредна улога во филмот „Крамер против Крамер“.

Таа доби уште два „Златни глобуса“ – за „Жената на францускиот полковник“ во 1982 година и „Изборот на Софија“ во 1983 година.

По 20-годишна пауза, таа заработи шест номинации едноподруго од 1995 до 2000 година за филмови, вклучувајќи ги One True Thing, The Bridges of Madison County, Marvin’s Room и The River Wild.

„Големи мали лаги“ е трета телевизиска номинација за „Златен глобус“ до денес.