(Видео) Од тумор на мозокот: Почина Мари Фредриксон, пејачката на култното дуо „Роксет“


Шведска- Пејачката на шведското култно дуо „Роксет“, Мари Фредриксон почина на 62 години, потврди нејзиниот менаџер. Шведската музичка ѕвезда постигна глобален успех во 90-те години со нејзините хитови, како што се “It Must Have Been Love”, “Listen To Your Heart” i “The Look”. Таа починала вчера по 17-годишната битка со туморот, се наведува во соопштението.

„Беше прекрасна пријателка изминатите 40 години. Работите никогаш нема да бидат исти“ порача нејзиниот пријател од бендот, Пер Гесл.

Мари ги осатви зад себе сопругот и двете деца, ќерката Инес (26) и синот Оскар (23).