В недела ќе се додели државната награда „Климент Охридски“

Фото: Б. Грданоски

На 8 декември 2019 година (недела), во Кристалната сала на Собранието, во 12 часот, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2019 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, ументоста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија.

Државната награда „Св. Климент Охридски“, за остварување во областа на воспитанието и образованието му се доделува на проф. д-р Агим Паљоска, албанолог; наградата за остварување во областа на културата и уметноста, им се доделува на: Димитар Башевски, писател, Весна Ѓиновска-Илкова, оперски пејач и Виолета Томовска, естраден уметник, а наградата за остварување во областа на здравството му се доделува проф.д-р Дејан Докиќ, пулмолог-алерголог.