(Фото) Венчаници во новогодишен дух: Нова колекција на Антонија Ристовска


Во бесконечната игра на љубовта , во бесконечната потрага по непознатото и среќата младата девојка го слави бесконечниот извор на животот.Младата девојка е алката во низата на бесконечноста наречена живот. Девојка која е самосвесна , нежна ,суптилна,духовита, со свој став и слободен дух.Токму таа е инспирација за најновата колекција насловена Infinity Bride -2020.


Следејки го својот препознатлив стил на изразување дизајнерката Антонија Ристовска во новата колекција венчаници повторно ја нагласува суптилно женската силуета.Забележлива е доминацијата на некласични тантели со геометриски форми ,кои во својата основа го имаат светлуцавиот ефект и богатите текстури.Овој пат доминира белата боја како симбол на светлост, цистота ,раскош, симбол на совршенството. Бесконечната игра на комбинирање на разлицни видови тантели и текстури ја прават секоја креација единствена и посебна. Креациите се збогатени со 3Д техники на аплицирање на кристали ,мониста и бисери.

Модели : Сара Ваневска, Викторија Филипоска од модно студио „Црнокрак“
Шминка : Зоран Шурбевски
Фризура: Адо Мурзиќ Хамзиќ- Hairdo