Тамара Тодевска е најдобар интернационален артист според „Кенга Маџик“


Поп-ѕвездата Тамара Тодевска викендов беше прогласена за најдобар интернационален артист на престижниот музички фестивал „Кенга Маџик” во Тирана, Албанија.

Таа ја изведе нејзината нова песна „Monsters”, авторско дело на Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветковски, а текстот е на Коста Петров.

„Ви благодарам „Кенга Маџк” за признанието за најдобар интернационален артист. Бескрајно ми значи. Ја посветувам оваа награда на моето семејство, на мојот сопруг и на сите што се покрај мене сите овие години”, изјави Тамара по поводот.

На сцена Тамара носеше црна тоалета со волумензони ракави и длабоко деколте.

Поп-ѕвездата периодов работи на својот трет студиски албум, а во најава е и видео запис за „Monsters” до крајот на годинава.