Модна ноќ на невести на 8 февруари во „Мериот“ во Скопје


По осми пат, на 8 февруари  во „Скопје Мериот Xотел“ идните невести ќе го избираат совршениот фустан  на вечерните ревии од затворен тип и на шоурумови од отворен тип на традиционалната  „Модна ноќ на невести“, во организација на Моден викенд Скопје, дознава „Независен“. Најавени се над 10 учесници од земјата и регионот на вечерта која […]

Избор на критичарите: „Беше еднаш во Холивуд“ на Тарантино е најдобар филм


САД– Во Холивуд синоќа беа доделени наградите според Изборот на американско-канадските критичари, а онаа за најдобар филм ја доби „Беше еднаш во Холивуд“, на Квентин Тарантино. Филмот, според критичарите, го има и најдоброто оригинално сценарио. Наградата за најдобра машка главна улога отиде кај Хоакин Феникс за филмот „Џокер“. Онаа за најдобра глумица – кај Рене […]

Карпош со најскапи и најмногу продадени станови


Најмногу се продаваат најскапите станови, а само летово Македонците потрошиле над 80 милиони евра за да купат стан. Според статистиката на катастарот за периодот од јули до септември 2019, најмногу станови се продале во скопската општина Карпош 239. Во оваа општина просечната цена на метар квадратен е највисока во државава – 982 евра. По  број […]

Новиот еврокомесар за проширување Вархеји во среда во Скопје


Новиот еврокомесар за соседство и проширување Оливер Вархеји на 15 и 16 јануари ќе допатува во посета на Македонија, дознава МИА од извори од Брисел. Тоа ќе биде негова прва посета по стапувањето на функцијата еврокомесар. Се очекува Вархеји да оствари средби со владини претставници, на кои најверојатно ќе стане збор за новата методологија за […]

Вечерва се чека Стара нова година, утре е Василица


Православните христијани, чии цркви го користат Јулијанскиот календар вечер ќе ја пречекаат Православната нова година, која почнува утре на празникот Василица. Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На семејната трпеза се крши погача […]

„ТНТ“ се враќа во судница


Oд утре, па сè до 27 јануари во Основниот кривичен суд во Скопје секој ден се закажани рочишта за предметот ТНТ, кој е во завршна фаза. До донесување на пресуда, треба да заврши распитот на петмина од обвинетите. Првично, првото рочиште во 2020 за случајот кој се однесува на уривањето на комплексот „Космос“ беше закажано […]

(Фото) Гламурозна колекција на “ЈZJ by Zlatko Jovanovski”: Сѐ што сјае е злато


Дизајнерот Златко Јовановски познат по уникатните и екстравагантни креации и за свечени пригоди и за свадби, со ателјеа во Скопје и во Тетово, пред Нова година ја промовира новата колекција наменета за дами кои ценат префинет и провокативен стил. Колекцијата е во препознатливите бои на брендот “ЈZJ by Zlatko Jovanovski” – златната, сребрената, црната и […]

Пендаровски со прво годишно обраќање во Собранието: Ветингот да почне од политичарите


Веднаш по априлските избори да се прочистат судиите, обвинителите, но и политичарите побара шефот на државата Стево Пендаровски. Претседателот во своето годишно обраќање вчера во Собранието им порача на политичарите со ветингот да почнат од своите редови. „Сакам уште од сега јавно да ѝ порачам на следната власт: веднаш по изборите спроведете прочистување и кај […]

Оваа година нема да се доделува наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин”


Ниту еден од пријавените кандидати нема да ја добие државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” за 2019 година, одлучи Одборот за оваа награда која се доделува за остварувања во областа на публицистиката и новинарството. Одборот за наградата, со кој претседаваше новинарката Катерина Блажевска, нема да ја додели наградата затоа што, како што е наведено во одлуката, […]

Отворен македонски Културно-информативен центар во Истанбул


Во Истанбул вчера свечено беше отворен Културно-информативен центар на Република Северна Македонија. На отворањето присуствуваше и македонскиот министер за култура, Хусни Исмаили, кој истакна дека во годините што следуваат Центарот ќе биде главно средиште за претставување на уметниците и проектите од Република Северна Македонија во Истанбул. Тој потсети дека владите на Турција и Северна Македонија […]

Наградата „Жан Моне“ за најдобра сторија за Зоран Јовановски од „360 степени“


Новинарот на „360 степени“ Зоран Јовановски – за најдобра новинарска сторија, фоторепортерот во весникот „Вечер“ Наке Батев – за најдобра репортерска фотографија и Столе Марковски од Кочани – за најдобра аматерска фотографија, се годинашните добитници на наградата „Жан Моне“, што ја доделува Делегацијата на Европската Унија и Македонскиот институт за медиуми. На конкурсот биле пријавени […]

Во февруари: Масимо Савиќ за прв пат во Филхармонија со „Најдоброто од…“ програма


По три години пауза, регионалната поп-ѕвезда од Хрватска Масимо Савиќ  доаѓа во Скопје со два ексклузивни концерта на 3 и 4 февруари. Масимо овој пат ќе има свое деби во најубавата концертна сала на овие простори- салата на Македонската филхармонија. Публиката ќе има можност да ужива во “best of” програма, каде што Масимо и неговиот […]

„Замисли желба“ – новогодишен концерт за деца во Филхармонија


Оркестарот на Филхармонија в сабота во 12 часот ќе го одржи традиционалниот Новогодишен концерт за деца. Концертот е насловен „Замисли желба“, а приказната ја следи нарацијата која ја сугерира насловот – новогодишните желби кои секое дете си ги посакува на крајот од годината. Поентата и мотивот во приказната се дека не треба да се фокусираме […]

„Медена земја“ во тесен избор за Оскар во две категории


Документарецот  „Медена земја“ во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска влезе во потесен круг за наградите Оскар во две категории – за документарци и за странски филм, за 92-то доделување кое ќе се одржи на 9 февруари во Лос Анџелес. Американската филмска академија синоќа објави скратени листи за номинации за Оскар од филмовите што […]

Врие во Трнодол: Жителите најавуваат протести и тужба против градоначалникот Богоев


Жителите на Трнодол најавуваат протести ако Општина Карпош не го повлече детаљниот урбанистичкиот план, кој, како што велат, може да предизвика лизгање големи земјени маси поради градење во заштитно зеленило под брдото, кој го загрозува сообраќајот и кој отвора можност за градежна инвазија и градење населба која навлегува во заштитеното подрачје на Парк-шумата Водно. Жителите […]

Кидман, Терон и Роби во Скопје: „Bombshell“ од 26 декември во Синеплекс


Холивудските ѕвезди Шарлиз Терон, Маргот Роби и Никол Кидман заедно го промовираа својот нов филм „Тие се бомби“ (Bombshell) во Лос Анџелес, во кој се зборува за новинарките на Фокс, кои го разоткриле сексуалниот предатор Роџер Аилес. Филмот ќе се прикажува во Синеплекс од 26 декември. За промоцијата на филмот трите холивудски диви одбраа сосема […]

Ревија на Јована Филиповиќ во „Станица 26“


Дизајнерката Јована Филиповиќ за која се бара покана повеќе на ревиите во Скопје, по две година пауза од модната сцена, организира ревија в недела, во 201 часот во „Станица 26“. Колекцијата за сезоната 2020 е насловена „ ID-entity “. Претходно, Филиповиќ беше на мастер студии на универзитетот за мода, Полимода во Фиренца, Италија. -Во денешно […]

Во МСУ пристигнуваат светски етаблирани уметници


На 21 декември, во 20 часот во Музејот на модерната уметност – Скопје ќе биде отворена изложбата „Сѐ што ни е заедничко“. Кураторки на поставката се Мира Гаќина и Јованка Попова. Во рамки на изложбата со свои дела, уметнички инсталации, видеа, скулптури, перформанс и фотографии ќе се претстават 12 уметници од земјава и светски признаени […]

Почина ботаничарот Дејвид Белами, авторот на најпопуларните документарци


Англија– Легендарниот британски природонаучник и автор на популарни документарни серии Дејвид Белами почина на 86 години во Лондон. Како автор и водител, тој се појави во голем број документарни серии и емисии од областа на ботаника, екологија и животна средина, станувајќи едно од омилените ТВ-лица. Беше иницијатор и за најпопуларниот документарен серијал „Опстанок“, но не […]

Харви Вајнстин пуштен на слобода: Два милиони долари кауција за најмоќниот холивудски предатор


САД- Поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнстин се согласи да понуди дополнително уверување дека нема да избега од случајот за сексуални напади. Уверувањата биле поднесени до обвинителите во Њујорк, кои се обидоа да ја зголемат кауцијата, откако тој, наводно, не носел електронска нараквица. Обвинителите побараа кауција од 5 милиони долари за поранешниот холивудски продуцент, наместо првичните […]