Заев: Со укинување на Преспанскиот договор, би го изгубиле членството во НАТО и во ЕУ


-Како што наближуваат изборите, раководството на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да заговара опасни идеи за укинување на договорот од Преспа. ВМРО-ДПМНЕ сака да го укине договорот кој не внесе во НАТО и не донесе на чекор до преговори со Европската Унија, изјави на денешната прес-конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев, прва по неговото повлекување од премиерската функција […]

Државници и милијардери на Светскиот економски форум во Давос


Швајцарија- Светскиот економски форум, кој еднаш годишно се одржува во Давос, Швајцарија, почнува денеска и ќе трае до 24 јануари. Главни теми на годинешниот собир се климатските промени и дејствување, а една од најважните сесии е „Спречување на климатската апокалипса“. Се најавуваат 3 илјади учесници од 117 земји во светот-милијардери, банкари и политичари  на светскиот […]

(Фото) Награди SAG : Најдоброто од црвениот ќилим


САД- Доцна синоќа во Лос Анџелес беа доделени SAG наградите (Screen actors guild), кои ги доделува професионалното здружение на актери за најдобри остварувања во изминатата година.За најдобар актерски ансамбл беше прогласена екипата на филмот „Паразит“. Актерите ги наградија и колегите за улогите во филмовите „Џокер“ (Жоакин Феникс) и „Џуди“ (Рене Зелвегер) кога се во прашање […]

„Ѕвездена музика“ со оркестарот на Филхармонија


„Ѕвездена музика“ е насловот на концертот на оркестарот на Филхармонијата, кој ќе се одржи в четврток во 20 часот. На програмата е инспиративната компилација на едно од најзначајните дела во историјата на музиката – „Прстенот“ на Рихард Вагнер, како и впечатливиот концерт за тромбон и оркестар „Старгејзер“ од Џонатан Дав. Диригент е Тимоти Редмонд, а […]

Јубилеен Саем на венчавки од 21 до 23 февруари во Скопје


Славни водителки, манекенки и јавни личности кои се кријат во тајност, ќе бидат невести на 10. Саем на венчавки во Скопје, традиционално во хотелот „Александар палас“. На саемот ќе изложуваат и педесетина учесници од сите категории потребни за организација на венчавка. Организатор, како и секоја година е интернет магазинот „Vo belo.mk“.   Годинава, се најавуваат […]

Опожарени автомобилите на пејачките Ребека и Сузана Турунџиева


Вчера, противпожарните екипи интервенирале по пријава на пожар на две возила кои биле во сопственост на пејачките Ребека Јанковска – Ристески и Сузана Турунџиева. Според порталот “Досие”, прво изгорел Мини куперот на Сузана Турунџиева, а пожарот го зафатил и автомобилот на Ребека кој бил паркиран до него. Пожарот се случил во три часот наутро, на […]

Васил Гарванлиев ќе не претставува на Евросонг во Ротердам


Васил Гарванлиев, со авторски тим составен од етаблирани музички имиња,  кои имаат остварено успешни музички проекти, ќе ја претставува Македонија на Евросонг 2020, во мај, во Ротердам, Холандија, соопшти Македонската Радио Телевизија како активна членка на Европската радиодифузна унија. Македонската Радио Телевизија  ги разгледала условите и обврските  кон ЕБУ кои  Јавниот сервис ги добива со […]

Спајк Ли претседател на жирито на Канскиот филмски фестивал


Франција– Американскиот режисер Спајк Ли (62) ќе биде претседател на жирито на годинашниот Филмски фестивал во Кан, што ќе се одржи од 12 до 23 мај, објавија организаторите. Ли рече дека има чест да стане првиот човек од африканската дијаспора што е избран за престижната позиција на претседател на жирито на најважниот филмски фестивал во […]

Били Ејлиш ќе ја пее насловната песна за 25. „Џејмс Бонд“


САД- Били Ејлиш ќе ја изведе тематската песна за новиот филм за британскиот таен агент Џејмс Бонд, насловен No Time to Die („Нема време за умирање“), објавија продуцентите на филмот. 18-годишната Били, која што е номинирана за наградата „Греми“, е најмладиот уметник/изведувач што досега напишал и снимил насловна нумера за серијалот филмови за славниот агент […]

Рускиот премиер Медведев поднесе оставка


Русија– Дмитриј Медведев денеска си поднесе оставка од функцијата премиер на Русија, јави руската државна агенција ТАСС. Тој одлуката ја донесе по разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, кој му се заблагодари на досегашната работа. Како што јавуваат руските медиуми, Путин истакнал дека наскоро планира средба со сите министри во владата на Медведев. Оставката доаѓа […]

Новиот еврокомесар за проширување Вархеи во Македонија


Во пресрет на Самитот во Загреб на кој Македонија очекува добивање на датум за почеток на преговорите, се засилуваат активностите на европските дипломати. Денеска во Македонија престојува новиот еврокомесар за преговори за проширување Оливер Вархеи кој во моментов е на разговори со премиерот на техничката влада Оливер Спасовски. Претходно високиот гостин се сретна со претседателот […]

Вархелји во прва посета на Скопје


Наследникот на Јоханес Хан, новиот европскиот комесар за соседска политика и проширување, Оливер Вархелји, денеска пристигнува во прва официјална посета на Скопје. Еврокомесарот ќе се сретне со шефот на државата Стево Пендаровски, со премиерот Оливер Спасовски, со претседателот на Собранието, Талат Џафери, како и со претседателите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан […]

Како се снимаше „Медена земја“, номиниран во две категории за Оскар?


„Медена земја“ , номиниран за Оскар во категориите најдобар документарец и најдобар интернационален филм, раскажува приказна за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Главна идеја на филмот е да се прикаже припадноста на човекот кон природата и нарушување на природната рамнотежа преку судир на […]

Министерката за финансии Ангеловска на „Еуромани“- најголемиот финансиски форум во ЦИЕ


Mинистерката за финансии Нина Ангеловска ќе учествува на еднa од најголемите годишни конференции во Централна и Источна Европа (ЦИЕ) од областа на финансиите. Станува збор за Форумот на „Еуромани“, кој по 25-ти пат се одржува во Виена, Австрија. Повеќе од илјада учесници – министри за финансии, гувернери на централни банки, раководители на финансиски институции и […]

Оливер Спасовски и Зоран Заев се сретнаа со Вселенскиот Патријарх во Истанбул


Премиерот Оливер Спасовски и претседателот на СДСМ, поранешниот премиер Зоран Заев се сретнаа денес со Вселенскиот Патријарх г.г.Вартоломеј. Двајцата се во Истанбул во Цариградската Партијаршија на покана на Патријархот Вартоломеј. Нема детали за средбата, освен дека се одржала во пријатна атмосфера и дека разговорот бил позитивен. Биле изразени се надежи за успеси на Вселенскиот Патријарх […]

Заев: „Медена земја“ заслужи номинации за Оскар


Претседателот на СДСМ и премиер во оставка Зоран Заев се придружи на честитките за номинациите за „Оскар“ на „Медена земја“ во две категории. -Заслужени номинации за Honeyland за Оскар во категориите Најдобар документарен филм и Најдобар интернационален филм. Ова е историски успех за современиот македонски филм, кој за прв пат е со две номинации. Честитки […]

„Медена земја“: Две историски номинации за Оскар


Македонскиот документарен филм „Медена земја“ е номиниран во две категории за најпрестижните филмски награди во светот: најдобар документарен филм и најдобар интернационален филм.     Не една, туку две посебни причини ќе имаат македонските вљубеници во филмот со нетрпение да го очекуваат годинешното 92. доделување на  филмските награди- Оскар. Документарецот на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов […]

„Џокер“ со 11 има најмногу номинации за Оскар, следуваат „Ирецот“ на Нетфликс и „1917“


На 10 февруари 2020 година, во театарот Долби во Лос Анџелес, ќе се одржи 92. доделување на „оскарите“, а Академијата ги објави номинациите. Списокот со најдобри филмови во 2019 година го предводи „Џокер“ со 11 номинации, вклучувајќи ги речиси сите главни категории. Годинава македонскиот филм „Медена земја“ се закити со две номинации во категориите најдобар странски […]

Гламурот на „Critics Choice Awards“: Која ѕвезда има најубаво деколте?


САД- Калифорнија викендов по 25-ти пат беа одржани „Critics Choice Awards“. Критиката ги одбра најдобрите остварувања и актери. Што се однесува до црвениот килим, кој всушност на манифестацијата е син, изобилуваше со фантастични креации. За разлика од друг пат или некои други манифестации, црните нијанси беа реткост, а предност им се даде на оние во […]

Денеска ќе бидат објавени номинациите за „Оскар“ – „Медена земја“ е во потесниот круг


Филмската академија денеска ќе ги соопшти номинациите за трката за Оскарите што ќе се оддржат на 9 февруари во Лос Анџелес. Македонскиот филм „Медена земја“ е во потесен избор во две категотрии – за најдобар документарец и за најдобар странски филм, па за неколку часа ќе стане извесно дали ќе добие номинација и ќе биде […]