Петок неработен за граѓаните од православна вероисповед, понеделник за сите


Фото: Б. Грданоски

Министерството за труд и социјална политика  соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 17 април, Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.

Неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија е 20 април, понеделник, Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар.

Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден.