В петок времен сообраќаен режим на дел од Пластичарска улица 


Градот Скопје известува дека поради изведување градежни работи за асфалтирање на булеварот Никола Карев (познатата Пластичарска улица), на 17.04.2020 година (петок) комплетно ќе биде затворен за сообраќај дел од неговиот коловоз, на потегот од крстосницата со улицата Македонско-косовска бригада до крстосницата со улицата Самоилова, во периодот од 8:00 часот до 00:00 часот.

Додека траат градежните работи, на оваа делница ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Апелираме до граѓаните да го почитуваат воведениот привремен сообраќаен режим на овој булевар и поставената патна сигнализација, а брзината на движење да ја приспособат на условите на патот.