Цветкоски: Да побараме дома семејна хармонија за Велигден


Главните подготовки за Велигден се дома, но не пречи самиот празник да биде во домашни услови, смета етнологот Александар Цветкоски од приелпскиот „Завод и музеј“, нагласувајќи дека обичаите и традициите се жилави и опстојуваме низ вековите.

Цветкоски смета дека ништо не пречи обичаите да се одвиваат во домашни услови. Секако подготовките се дома, а за самиот празник не пречи се да биде во домашни услови.

– Првпат Велигден го пречекуваме во поинакви, вонредни услови. Обичаите ги знаеме, особено оваа недела. Од понеделникот почнаа подготовките, ги купивме јајцата, намирниците, се исчисти домот, како што се верува од злите духови. В сабота ја приготвуваме храната, на полноќ,спроти Велогден е првото замрсување. Годинава нема да може да ги направиме адетите во црквата. Мерките се тие, мора да ги почитуваме. Но, духот на самиот обичај останува, зашто обичаите се многу жилави. Сите семејни обреди може да ги направиме дома. И капењето со црвено јајце, со здравец и трева „дебелика“ и првото јајце кое мора да го чуваме зашто е чувар на куќата. Самиот ритуален и симболички карактер е зачуван. Не мора да одиме в црква за да го осветиме велигденското јаце. Го имаме тоа дома. Сите обредни ритуали и верувања може да ги направиме дома. И чистењето на домот, на ногалките од столиците и масите, а потоа да ги фрлиме крпите со кои сме бришеле. Целиот чин на чистењето на домот нема проблем да го спроведеме. Да го исчистиме домот од сето зло од минатата година, за да се посветиме на идната година. Не смееме да излеземе. Ниту изутрината на Велигден да одиме на литургија во Црвата. Но Црквата ги има испеано сите „раковети“. Значи, целиот верски карактер за Велигден може да си го зачуваме и од дома и да се надеваме дека овој е последен Велигден кој го чекаме во вакви услови, вели Цветкоски.

Низ времињата имало епидемии и пандемии, како шпанскиот грип, но празниците луѓето ги приспособиле на молитвите за животот. Обичаите и традициите се жилави и опстојувале низ вековите.

– Добро би било, овојпат славењето на победата на животот над смртта да го славиме дома. Низ семејна хармонија. Може да се потсетиме на велигденските песни и игри кои ги правеле нашите предци. Токму во вакви услови, може да се потсетиме и да ја побараме семејната хармонија која сме ја подазборавиле, смета етнологот Цветкоски.