Српскиот епидемиолог Предраг Кон се повлекува: Војни нема да водам против никого, освен против вирусот


Србија– „Војни нема да водам против никого, освен против вирусот“, порача Предраг Кон, водечкиот српски епидемиолог, најавувајќи го своето повлекување затоа што, како што кажа, во епидемијата со коронавирусот има многу критика, дека сите бараат виновници, додека единствениот виновник всушност е вирусот.

-Го губам трпението, рече Кон по повод објавата на Фејсбук во која напиша дека е време да се повлече, пренесоа српските медиуми.

Кон на Фејсбук напиша дека е време да се повлече и на други да им препушти да ја видат борбата со епидемијата, а на тој потег, како што кажа, го навеле нападите врз него и Кризниот штаб, особено по продорот на вирусот во Геронтолошкиот центар во Ниш.

-Војните нема да ги водам против никого, освен против вирусот. Постојано следам се што луѓето мислат и како сиот тој гнев место врз ситуацијата и самиот вирус е свртен кон мене и стручната екипа. Затоа е време да се тргнам, напиша Кон.